Пет карактеристики кои ги поседуваат успешните менаџери

    Да се биде добар менаџер не значи само да се познаваат елементите на еден добар бизнис или да се биде во истата индустрија подолг период. Постојат неколку особини и вештини кои ги издвојуваат навистина добрите менаџери од оние кои се просечни.

    Ако целите кон некоја менаџерска позиција или сакате да станете подобри во моменталната раководна функција, еве некои карактеристики кои треба да ги развиете.

    1. Искреност

    HonestyMiTi

    На вработените им е тешко да го почитуваат шефот кому не му веруваат. Поради ова е значајно да бидете колку што е можно потранспарентни кога работите со луѓе на кои сте им претпоставени. Ова значи да им давате директна повратна информација за нивната работа и да ги решавате проблемите помеѓу вработените без одолговлекување.

    На пример, еден вработен доаѓа и ви бара зголемување на платата. Доколку вие почнете да му зборувате за кратење на буџет, а сте ја покачиле платата на некој друг вработен, ќе оставите впечаток на лажго.

    Од друга страна, доколку дадете легитимна причина за вашата одлука, вработениот можеби сепак ќе се чувствува разочарано но ќе ве почитува поради вашата искреност и ќе ви даде шанса. Исто така, и вие ќе му пружите шанса за подобрување од која предност ќе имаат сите.

    2. Дипломатија

    diplo

    Судирите на работното место се нешто што се случува не ретко. Без разлика дали се меѓу двајца вработени или помеѓу вработениот и претпоставениот, најлошо што може да направите е да ги игнорирате. Начинот на кој вие ќе се обидете да ги решите работните конфликти ќе одредат дали вие ќе се поставите како силен менаџер.

    Доколку им пријдете на судрените страни со почит и им помогнете да дојдат до компромис, големи се шансите да добиете на долгорочен план отколку кога би ги игнорирале. Не е секогаш лесно да се поставите дипломатски во ваквите ситуации, но колку сте поуверени и настапите со почит, толку подобро ќе ги одржувате работни врски.

    3. Менаџирање на времето

    e9e9344a

    Ако се земе во предвид дека бројот на часови во неделата е дефинитивен, природно е да занемарите одредени задачи или обврски. Ова особено им се случува на менаџерите кои најмногу време трошат на состаноци кои одземаат голем дел од продуктивноста. Добриот менаџер знае како да го максимизира своето време и да ги заврши нештата кои се приоритетни. Покрај ова, силниот менаџер е оној кој останува фокусиран и организиран дури и кога е „растргнат“ на повеќе страни.

    Ова значи дека треба да научете да им кажете „не“ на одредени задачи кои ќе ви го одземат вниманието од поважните цели. Еден од најголемите лидери во корпоративниот свет, Ворен Бафет, си создал листа за вакви случаи кои ја нарекол „листа на задачи кои можат да игнорираат по било која цена“.

    4. Делегирање

    Доколку сте менаџер, најверојатно имате неколку луѓе кои ви одговараат директно вам. За да се заврши некоја задача потребни се тимски напори, а доколку сте тип кој мора да се „замеша“ во секоја задача или во секоја одлука која треба да се донесе, ќе изгубите чувство за поголемата слика и ќе им станете здодевни на вработени со вашето микро менаџирање. Добриот менаџер знае кога треба да делегира, а кога да се вклучи.

    Запомнете, делегирањето не ве прави мрзеливи, туку ефикасни. Сѐ додека можете да препознаете кога треба да преземете контрола, делегирањето ќе ви ослободи дел од времето за поважните обврски односно они кои вашиот тим не може да ги заврши самостојно.

    5. Градење на тим

    team-building

    Ништо повеќе не ги мотивира вработените отколку чувството дека се борат за заедничка цел. Последното нешто што ги разликува најдобрите менаџери од просечните е способноста постојано да се мотивира тимот, не само за да ја завршат задачата успешно, туку и за да се поддржуваат еден со друг.

    Да се креира ваква работна атмосфера секако прво треба да се ангажираат луѓе кои ќе бидат вистинските за работата, а дури и откако ќе креирате силен тим, не значи дека сте завршиле со работата. Процесот на градење на тим постојано тече, а ако сте добри во тоа ќе имате силни вработени кои ќе можат да покажат резултати во секое време.

    (cnn.com)

    SHARE