Брод кој сам се снабдува со енергија тргна на пат околу светот

    Бродот кој сам произведува енергија за работа тргна од Париз на шестгодишно патување околу светот, а проектантите се надеваат дека тој ќе биде модел за идните пловила кои ќе работат без емисии на штетни гасови

    brodБродот кој сам произведува енергија тргна од Париз на шестгодишно патување околу светот, а проектантите се надеваат дека тој ќе биде модел за идните пловила кои ќе работат без емисии на штетни гасови.

    Бродот наречен Energy Observer користи соларни панели, турбини на ветер и систем на водородни ќелии за електро – напојување. Истиот вреди 5 милиони евра, а од Париз тргна кон Атлантикот.

    Футуристичкото пловило е долго 30,5 метри и преку денот ја користи енергијата од сонцето и ветрот, а преку ноќ од резервоарот со водород кој бродот сам го произведува преку електролиза на морската вода.

    Првично проектиран во 1983 година, бродот имал „успешна кариера“ во трките со едрилици, а потоа капетаните Фредерик Даирел и Викторијен Ерисар преку Францкускиот истражувачки институт го претворија во Energy Observer.

    (n1info.com)

    SHARE