Девет книги што треба да ги прочита секој иновативен лидер

    reading booksДури и најкреативните мислители не добиваат идеи живеејќи во вакуум. Еве кои се некои од омилените наслови на лидерите на некои од компаниите кои рушат бариери.

    The Art of War на Сун Џу. Оваа книга ја опишуваат како водич во носењето одлуки и креирање стратегија не само во бизнисот туку и општо за добивање идеи, дури и во приватниот живот.

    Ender’s Game на Орсон Скот од 1985 година. Иако објавена пред повеќе од три децении, книгата ги предвидува размерите на развојот на компјутерите и Интернетот. Книгата е одличен пример за некој кој одлично размислувал како може да влијае технологијата на светот.

    Insisting on the Impossible: The Life of Edwin Land на Виктор Мекелени. Во книгата карактерот Ленд вели: „Сакам да се наоѓа во ситуации каде што никој не верува во мене“. Тој постојано се труди да совлада нешто.

    Venture Deals на Бред Фелд и Џејсон Менделсон. Едно е да се има идеја, но главниот двигател на стартапот е капиталот, па една од главните улоги на претприемачот е собирање пари. Оваа книга ја нарекуваат Библија на собирањето ризиен капитал.

    The 7 Habits of Highly Effective People на Стивен Коуви. Ова е класика која треба да стои на полицата со книги на секој претприемач.

    Think and Grow Rich на Наполеон Хил. Можете да ја прочитате сто пати секој пат одново ќе ве потсети да останете фокусирани на најмоќната алатка што ја имате – мислите.

    The Lorax на Теодор Зус Гајзел. Оваа книга ќе ве држи приземјени и ќе ве потсети на деструктивната моќ на индустријализацијата и колку е важно да се работи мислејќи на иднината.

    The Innovator’s Dilemma на Клејтон Кристенсен. Оваа книга е причината зошто постојат стартапи. Тие постојат затоа што големите компании не ја гледаат целата реалност на бизнисот во којшто работат.

    Новата необјавена книга на Кетрин Хоук. Книгата говори за вторите шанси. Секој претприемач што презема ризици прави грешки, но битно е да научите како да се воздигнете после грешките.
    (Inc.com)
    SHARE