Започна со работа Едутравел, првата компанија специјализирана за едукативни патувања


Главна дејност на Едутравел е организација на образовни патувања: летни курсеви за странски јазици за млади во странство, курсеви за странски јазици за возрасни преку целата година во странство, школување во странство, студирање во странство, мастер студии

edutravel

Учениците и студентите од Македонија конечно добиваат можност да учат јазици и студираат во странство во најдобрите светски школи и универзитети со целосна организација и поддршка од првата компанија специјализирана за едукативни патувања Едутравел.
Главна дејност на компанијата која започна со работа неодамна е организација на образовни патувања кои опфаќаат: летни курсеви за странски јазици за млади во странство, курсеви за странски јазици за возрасни преку целата година во странство, школување во странство, студирање во странство, мастер студии.

“Наша примарна цел е на младите во Македонија кои имаат желба да учат во странство да им помогнеме и многу да им го олесниме патот при пронаоѓањето на најсоодветната програма и дестинација. За целата процедура,  аплицирање, комуникација со образовни институции, организација на патувањето се грижиме ние, на учениците им останува само да се подготват и да заминат во земјата во која сакаат да учат и да ја запознаат”, вели Марија Цветковиќ, директор на Едутравел.

Програма за која има голем интерес во мометов е можноста за посета на летни курсеви за јазици за млади во целиот свет кои компанијата ги организира на две начина: со придружба од професор ангажиран од Едутравел за време на целиот престој во странство или индивидуални патувања.
Едутравел организира и посредува за едукативни патувања во градови и земји како што се: Лондон, Оксфорд, Рагби, Брајтон, Малта, Париз, Ница, Виена, Кипар, Њујорк, Мајами, Сан Франциско, Торонто, Бостон, Лугано, Берлин, Минхен, Салзбург, Мадрид и многу други.

Едутравел е ексклузивен претставник за Р.Македонија на комерцијалното друштво за туризам КУБ од Белград, Србија.

SHARE