Кои компании добија награда за извонредност од Фондот за иновации?


     Денеска Фондот за иновации и технолошки развој награди девет компании од вкупно 37 кои добија финансиска поддршка за своите иновативни идеи и производи.  Фондот досега пласираше 1,5 милиони евра, за 2017 се предвидени 3,7 милиони евра.

    In

    Ова се компаниите кои добија сертификат за извонредност:

    1. Марси Електросистеми, Охрид
      Оваа компанија произведува контролни системи за печки на пелети, за кои веќе има интерес на странски пазари.
    2. Vapour Apps
      Ова е приватен клауд за средни компании. Според директорот Љупчо Вангелески, таргет се странски пазари и се пред лансирање на втора, подобрена верзија на оваа платформа.
    3. Clicon
      Социјална мрежа за бизниси, во која домашните компании можат да се зачленат, да комуницираат и разменуваат документи со други компании.
    4. Smartech
      Систем за менаџмент со електрична енергија за индустриски компании. Професор Живко Кокалански вели дека веќе успешно се имплементира во три компании. Крајна цел и ефект е заштеда на електрична енергија.
    5. Хас инженеринг

      Паметни системи за интелигентно управување во домот, при што опфаќа на греење, ладење и климатизација. Станува збор за целосно домашен хардвер и софтвер.

    6. Дарис Инженеринг
      Компанијата која го произведува првиот паметен громобран Веда Тотал. Имплементиран е во повеќе од 30 објекти во земјава, а сопственикот Петре Ристески, веќе има голем интерес за производот од други земји.
    7. Esenso
      Платформа за маркетирање на производи и услуги од областа на smart уреди и Internet of things.
    8. PrymApps
      Платформа за правење истражувања на пазар, која веќе активно се користи од страна на една домашна компанија и УНДП во Македонија.
    9. Embed Social
      Македонска платформа за маркетинг, преку која маркетинг-луѓето можат да испраќаат пораки за нови промоции и производи.

      Фото галерија oд доделувањето на сертификатите:

    SHARE