Кои познати имиња ќе учествуваат утре на форумот „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“?

     

    Кој се ќе учествува на тркалезната маса на тема „Позицијата на малите земји во меѓународната економија – предности и недостатоци“ која ќе се одржи утре во организација на Стопанска комора по повод 95-годишнината од коморското организирање во Македонија.

    На тркалезната маса која почнува утре во хотелот „Александар Палас“ во 11 часот доаѓаат високи, реномирани претставници од бизнисот и научната и стручната јавност, сегашни и поранешни претседатели и премиери на држави од регионот.

    За позицијата на малите земји во меѓународната економија ќе зборуваат:

    • - црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ
    • - поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ
    • - сопственикот на најголемата дистрибутивна компанија во Европа „Орбико“, Бранко Роглиќ
    • - српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ
    • - сопственикот на „Студио Модерна“ (Топ Шоп) Санди Чешко
    • - главниот организатор на Копаоник бизнис форумот, Александар Влаховиќ
    • - македонските бизнисмени Светозар Јаневски, Кочо Анѓушев
    • - економскиот експерт Владимир Глигоров
    SHARE