Летово во САД ќе се одржи првото интерактивно караоке со холограми


    rob thomas holograms1Светот на караоке забавата ќе стане уште поинтересен. Компанијата за засилена реалност VNTANA, која стои зад холограм селфито, го најави првото интерактивно караоке искуство со холограми.

    Технологијата за прв пат ќе се употреби за време на летната турнеја на музичарот Роб Томас. Тие кои што купиле ВИП пакет ќе можат да избираат меѓу три песни од репертоарот на Томас: „Pieces“, „One Shot“ или „This Is How a Heart Breaks“.

    Кога фановите ќе застанат пред дисплејот на VNTANA ќе си го видат својот холограм веднаш до Томас на сцената како изведуваат песна во дует, а на крајот ќе добијат и видео од перформансот кое ќе може да го споделат на социјалните медиуми.

    Томас им порача на своите фанови да бидат креативни, како и дека холограмите ќе бидат далеку подобри од холограмот на музичарот Тупак во 2012 година. Според него, технологијата е толку добра што кога се гледате себеси на екран ви се чини како да гледате перформанс во живо и заборавате дека гледате холограм. Турнејата започнува на 22 јули и трае до 30 септември.

    (Mashable)

    SHARE