Македонски граѓани нудат бесплатно сместување за навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид

    stay in skopjeПо скандалот со вртоглавите цени за сместување во Скопје во пресрет на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кој треба да се одржи на 8 август, за што пренесоа и странските медиуми, меѓу кои британски Mirror, група македонски граѓани преземаат иницијатива.

    Сепак, македонските граѓани сакаат да го обелат образот и самите нудат бесплатно сместување за навивачите. Најпрвин тоа го направија фановите на Манчестер Јунајтед од Македонија, а сега е креирана и страница каде што се нуди бесплатно сместување за навивачите и од двата клуба. Проектот SuperCupSkopje е дело на членовите на WeTalkIT заедницата.

    На страницата supercupskopje.com секој може да го објави својот дом и за никаков надомест да ги дочекат странските фудбалски фанови. Фановите, пак, на страницата се логираат преку својот профил на Facebook и испраќаат имел директно до тој што објавил сместување. Домаќините потоа одлучуваат кого ќе го примат во својот дом.

    Целта на овој проект е што поголем број на граѓани да бидат домаќини на еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преноќување на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови!“ порачуваат организаторите.
    SHARE