Македонско-турски бизнис форум во Скопје

    macedonian-turkish forumОколу 20 компании од Адијаман, источна Турција, денеска ќе имаат директни средби со македонски фирми на бизнис-форум што го организира Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

    Како што соопшти МАТТО, целта на посетата на бизнис-делегацијата од Адијаман е запознавање со можноста за соработка во прехранбениот сектор, текстилот, градежништвото, рударството, опремата за различни индустриски сектори, хотелиерството и туризмот, како и скенирање на деловната и инвестициската клима во Македонија, Србија и во Косово.

    Адијаман се наоѓа на реката Еуфрат во југоисточна Турција и е дел од проектот „Патот на свилата“. Во него се застапени повеќе индустрии: прехранбена, текстилна, конфекција, експлоатација на камен и други неметали, метална и металнопреработувачка, нафта и природен гас, производство на производи од пластика и гума, производство на мебел,… Располага со железна руда, мермер, јаглен и сурова нафта. Од вкупните потреби на сурова нафта во Турција, 70% се експлоатираат во регионот на Адијаман.

    Трговско-индустриската комора на Адијаман е основана во 1984 година, брои 3.700 членови и има 18 професионални здруженија. Во нејзини рамки функционира и Стоковата берза на Адијаман.

    На бизнис-форумот ќе присуствуваат претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски, неговиот заменик и сопственик на ТУРМАК Есер Џевахир и шефот на трговското претставништво на Турција во Македонија Буњамин Кутлу.

    SHARE