Овие апликации ќе го олеснат планирањето на летниот одмор

    summer vacationМногу работи можат да го уништат годишниот одмор, но технологијата тоа може да го спречи или барем да го ублажи благодарение на апликации кои го олеснуваат планирањето на одморот и ви помагаат ништо да не оставите на случајноста.

    Ако годинава патувате на море или на друго место на одмор, а немате време за барање и резервирање на сместувањето, евтини аранжмани и колации кои треба да се посетат додека сте таму, еве неколку апликации кои ќе ви помогнат подобро да се организирате и да го испланирате патот.

    PackPointpackpoint app

    Доколку мразите да се пакувате затоа што секогаш кога ќе стигнете таму каде што сте тргнале сфаќате дека нешто не сте понеле со себе, за вас идеална апликација е PackPoint. Апликацијата ви составува листа со неопходни работи кои треба да ги земете, а сетоа тоа врз основа на типот на патувањето. Се што треба да направите е да креирате профил на патувањето со основни детали како дестинација, број на денови, што сакате да правите додека сте таму и слично. Потоа PackPoint ќе состави листа со работи прилагодена на местото и временските услови. Апликацијата е бесплатна за сите корисници на iOS и Android.

    Hipmunkhipmunk app

    Ова е бесплатна апликација за iOS и Android уреди која ви штеди време и ви овозможува преку својот паметен телефон да ги анјдете најдобрите и најевтините летови. Исто така, ви овозможува да ги бирате летовите според времето на поаѓање на авионот и според бројот на трансфери. Така на едноставен наќин ќе го резервирате својот лет.

    TripAdvisortripadvisor app

    Веројатно најголем дел од вас слушнале за TripAdvisor. Апликацијата, всушност, е ваш туристички дигитален водич преку кој наоѓате информации за најдобри ресторани, хотели и останати атракции кои можете да ги посетите додека сте на летување. Најдоброто нешто на TripAdvisor се корисниците, кои ги пренесуваат своите лични искуства и пишуваат рецензии за услугите во хотелите, па навреме можете да ги избегнете местата со лоши оценки. И оваа апликација е бесплатна за корисниците на iOS и Android. Од типот на TripAdvisor е и апликацијата Foursquare, која ги покажува местата кои мора да ги посетите, но дава и информации за хранат и пијалаците кои треба да ги пробате. Оваа апликација е достапна на Apple и на Google Play Store.

    Expensifyexpensify app

    Ако сакате да штедите, тогаш ова е апликација за вас. Веројатно и самите знаете дека некогаш е тешко, па дури и невозможно додека сте на летување да следите колку трошите. Подоцна се изненадувате со непланирани трошоци кои ќе ви го „изедат“ буџетот за летување? Ако сакате да избегнете такви ситуации, уште веднаш симнете ја апликацијата Expensify. Апликацијата работи на Android и на iOS и има интересна опција Smart Scan, која ви овозможува со телефонот да ја скенирате секоја сметка и да ја внесете меѓу трошоците. Апликацијата има и опција автоматска конверзија на валутите.

    Google Translategoogle translate

    Пред да патувате во странска земја секогаш е корисно да се научат неколку локални фрази, а во тоа ќе ви помогне дефинитивно најкористената апликација за превод – Google Translate. Многу е популарна, поприлично точна и моментлано поддржува дури 90 јазици. Двонасочниот говорен превод е достапен на 40 јазици. Апликацијата може да се преземе од Apple или Google Play Store. Освен Google Translate, ви ја пропорачуваме и апликацијата Babbel, која нуди превод на 14 главни светски јазици и исто така е достапна за iOS и Android уреди.

    Weather Timelineweather timeline app

    Според оценките на корисниците, оваа апликација е рангирана како најкорисна, но и најточна. Достапна е на Google PlayStore по симболична цена од 1 долар, а ви нуди 5 различни сервиси за прогнозирање со активни известувања за промени на времето. Интересна е и опцијата следење на емсечината, како и неколку радарски мапи кои ви овзоможуваат да ги следите промените во структурата на облаците, како и веројатноста за дожд. Освен тоа, можете и да ја следите и температурата и влажноста на воздухот.

    AccuWeatheraccuweather app

    AccuWeather веројатно е најпознатата апликација од овој тип. Апликацијата е дело на американска компанија чие главно занимање е давање метеоролошки услуги во целиот свет, па со оглед на големината и репутацијата на компанијата, прогнозите на апликацијата е доста прецизни и точни. Податоците редовно се ажурираат, а апликацијата нуди и патентиран RealFeel, кој со помош на сложени алгоритми пресметува која температура ќе ја почувствувате кога ќе излезете надвор. AccuWeather е прединсталирана на многу уреди, а доколку ја немате, добро би било да ја симнете.

    Wiffinitywiffinity app

    Сите знаеме дека потрагата за WiFi кога сме на одмор е меѓу првите работи што ги правиме кога ќе дојдеме во нов град или место. Оваа апликација дава мапа на сите hotspots за WiFi и така ви помага да се конектирате на Интернет. Апликацијата е бесплатна за корисниците на iOS и Android.

    (Zimo)

    SHARE