Осум книги наменети за бизнис почетниците

    -3Не е едноставно да се објаснат некои комплицирани концепти и процеси на донесување на одлуки кои се случуваат зад кулисите на еден бизнис. Но еден од начините на кои младите претприемачи можат да научат од искуствата и грешките на другите, како и да добијат инспирација и мотивација, е да прочитаат за почетоците на големите професионалци. Ви претставуваме осум книги кои токму за оваа намена:

    1. Little Red Book of Selling, Jeffrey Gitomer

    91-1qV3oRfLБез разлика дали станува збор за продажба на производи на клиентите или за „продавање“ на визија на вашите вработени, секој претприемач треба да поседува вештина за убедување на купувачот за да може да ја прошири својата страст за бизнисот. Книгата на Џефри Гитомер е водич за разбирање на правилата на процесот на индустриска продажба. За оние читатели кои не се толку ентузијастични, Малечката црвена книга за продажба е навистина малечка, па нема да ви одземе многу време. Истата е препорача од Forbes.


    2. Rework, Jason Fried and David Heinemeier Hansson

    41tZnkx9R1L._SX329_BO1,204,203,200_Rework е одлична книга бидејќи го прикажува најлесниот начин да се води еден бизнис и не станува збор за типична бизнис книга. Верувале или не, авторите ќе ви објаснат зошто е непотребно да пишувате бизнис план, дека не треба да барате надворешни инвеститори и зошто се поголеми шансите да се успее кога се игнорира конкуренцијата. Со директните насоки на делување и пријателски пристап, книгата ќе ви помогне да сфатите колку во суштина е едноставно сами да го трасирате патот на својот бизнис. Оваа книга е препорачана од американскиот претприемач и инвеститор Брентон Хејдн.

    3. Outliers: The Story of Success, Malcolm Gladwell

    71GLAwC9cPL
    Оваа книга беше бестселер во САД, а во истата авторот зборува за атрибутите кои им се заеднички на голем дел од успешните луѓе. Вистината е дека најчесто не постои мит позади успехот на еден бизнис, а константно треба да се работи со желба и тоа да се повторува. За да се стане експерт во одредено поле, авторот заклучува дека се потребни 10 000 часа вежбање. Книгата ја препорачува Френк Мекини, филантроп и магнат во полето на недвижнини.

     

     

    4. Good to Great: Why Some Companies Make the Leap and Some Don’t, Jim Collins

    513OnP4AwTL._SY346_
    Ова е книга за издржливост и за тоа како компаниите треба да бидат изградени за да опстојат. Книгава нуди длабока анализа за тоа како треба да бидат организирани структурите на менаџментот во една компанија направена врз основа на истражување спроведено во компании како Coca – Cola, Intel и General Electric. Авторот со својот тим дошле до концепт кој ќе ги просветли иновативните умови. Оваа книга е препорачана од Мајкл Порт кој е автор, говорник и маркетинг консултант за мали бизниси.

     

    5. The Five Dysfunctions of a Team: A Leadership Fable, Patrick Lencioni

    51QArmq8raL._SX328_BO1,204,203,200_Без разлика дали ви се допаѓа или не, факт е дека ќе работите во тим до крајот на вашата кариера. Авторот дава препораки врз основа на приказна за една проблематична компанија од Силиконската долина и нивната неочекувана одлука да назначат за извршен директор старомоден менаџер кој се пензионирал на 55 години од традиционалната производствена индустрија. Книгата покажува како еден подготвен лидер може да регрупира дисфункционален тим и да обедини индивидуи во тим кој ќе биде одличен и ефективен. Книгата ја препорачува порталот Inc.com

     

    6. Zero to One, Peter Thiel

    91AWmg7WVKL

     

    Авторот на книгата е извршниот директор на Paypal кој презентира оптимистична гледна точна за иднината на прогресот во Америка и нов начин на размислување за иновациите. Тој започнува со поставување на прашања кои ќе ве насочат да најдете вредност на неочекувани места. Препорачана од Џон Скали, поранешен директор на Apple и поранешен претседател на Pepsi.

     

    7. Shoe Dog, Phil Knight

    51yDI-SlwFL._SX329_BO1,204,203,200_

    Книгава беше ставена на листата на омилени за 2016 година на Бил Гејтс. Истата детално дава опис на патот на компанијата Nike и како Фил Најт успеа да го издигне својот стартап во глобален бренд каков што го знаеме денес. Препораката за книгава е од Бил Гејтс.

     

     

     

    8. Grit, Angela Duckworth

    51eNdezUTkL._SX329_BO1,204,203,200_
    Дури и ако не сте бизнис личност, книгава ќе ви биде инспиративна доколку ја прочитате. За секој кој се бори да успее, без разлика дали е наставник, доктор, спортист, родител или студент, формулата е иста. Авторката која е познат професор и истражувач ги опишува првите лекции кои ги научите кога започнала да работи како професор, бизнис консултант и невролог. Таа поставува хипотеза дека она што навистина го предизвикува успехот не е генијалноста на една личност, туку уникатната комбинација од страст и долгорочна издржливост. Книгава ја препорачува Fortune.

    (bookstr.com)

    SHARE