Од денес почнаа нарачките за соларните покриви на Илон Маск! Се знае и цената!

    tesa solar roofTesla ги отвори нарачките за соларните покриви и ги објави информациите во врска со цената. Домаќинствата ќе треба да платат околу 235 долари за квадратен метар. Компанијата лансираше и калкулатор за луѓето да можат да видат точно колку ќе ги чини целиот покрив на својот дом да го заменат со Tesla Solar Roof.

    Калкулаторот ги зема предвид големината на покривот, просечната цена на струјата и колку светлина допира до покривот во текот на годината според местоположбата. Корисниците во САД можат уште веднаш да нарачаат покрив на страницата на Tesla со уплата на 1.000 долари.

    solar-roof-tesla-solarcity

     

    Tesla Solar Roof има и соларни и обични плочки. Така корисниците можат да изберат колку соларни плочки сакаат да им бидат вргадени врз основа на потрошувачката на енергија на домот. Цената на квадратен метар соларен покрив се однесува на покрив со 35% соларни плочки. Повеќето покриви имаат потреба од 40% соларни плочки, а некои дури и до 70% соларни плочки.

    Обичните плочки на Tesla Solar Roof имаат приближно иста цена како оние кои се користат денес, додека цената на соларните е повисока. Сепак, таа повисока цена сепак е исплатлива затоа што за кратко време ќе се заштеди многу повеќе кога нема да се користи електрична енергија од дистрибутeрската мрежа. Покривите на Tesla имаат и доживотна или неограниена гаранција. Од компанијата гарантираат дека покривите ќе генерираат струја најмалку 30 години.

    (Business Insider)

    SHARE