Пет начини како успешните луѓе се надградуваат и преку летото

     Успешните луѓе го користат овој период во годината за да не стагнираат. Искоритете го и вие летото за да го унапредите вашето размислување и знаење и да создадете нови можности за себе

    image36

    Можеби ќе одлучите да го искористите летово за вмрежување и читање или пак ќе сакате да ја надоградите вашата професионална биографија, но што е она што најуспешните луѓе одлучуваат да го прават преку летото? Тие најчесто го користат овој период да се посветат на активности кои одземаат повеќе внимание и енергија која ја немаат во текот на работната година.

    Ви препорачуваме пет активности кои можат да ви помогнат да поработите на себе и на вашата кариера и преку летото.

    1. Запишете се на курс

    Online_Education

    Доколку имате интерес за одредена тема на која досега не сте можеле да се посветите или пак чувствувате празнина во вашето искуство, еден од начините да го решите тоа е да се запишете на курс. Еден од позитивните аспекти на ова е што денес постојат милион курсеви кои се достапни онлајн, па не мора да се фокусирате исклучиво на курсеви кои се посетуваат во живо.

    Успешните луѓе се проактивни и преку летото, па искористете го и вие за да научите нешто повеќе и да инвестирате во вашиот професионален развој.

    2. Пишувајте

    Причината поради која треба да се обидете да пишувате е тоа што преку летото не постојат толку дистракции. Пренесете ги вашите мисли во личен дневник, објавете текст на социјалните мрежи или пак напишете статија за некој онлајн портал.

    Искористете ја можноста да ги споделите вашите мисли и да го демонстрирате вашето искуство. Пишувањето е еден од најдобрите начини да го зголемите вашето влијание. Најдете лист и пенкало и споделете ги вашите ставови.

    3. Говорете јавно

    Идентификувајте ги можностите кои ви се пружаат за да говорете јавно пред група на луѓе. Говорете на големите состаноци пред вашиот работен тим или учествувајте на некоја конференција. Настапувајте во овие ситуации со намера и барајте дополнителни можности да им се обраќате на луѓето.

    Совет: пишувањето нека ви послужи како подготовка за она што сакате да го споделите при јавните говорења. Доколку сакате да бидете говорник, започнете со пишување. Ќе започнете да градите лична репутација на мисловен лидер за одредена тема.

    4. Започнете проект

    PREVIEW

    Ако имате интерес за некоја тема на која не сте можеле да се посветите во текот на работната година или пак тема надвор од работата, истражете го тој интерес. Доколку го направите тоа, не само што ќе ја зголемите вклученоста на вашиот работен тим, туку и ќе ја зголемите вашата продуктивност бидејќи ќе се посветите на нешто што ве мотивира.

    Организирајте панел дискусија за женската еманципација на работното место. Отворете веб страница или блог каде што ќе прикачувате фотографии и приказни од вашите патувања. Разбудете ја страста која ја имате за некоја тема бидејќи ако ја потиснете можеби ќе ви стане бариера за успех во иднина.

    5. Поврзете се со новинари

    o-JOURNALISTS-

    Можеби сте експерт, а само неколку луѓе слушнале за вашата работа. Да се биде цитиран во новинарски статии значи да биде споделена вашата експертиза меѓу поголема публика.

    Запознајте се со новинарите и авторите на статиите кои најчесто ги читате. Доколку читате дневен весник каде што ја пишува адресата на електронската пошта на новинарот кој ја напишал статијата, контактирајте го. Нека дознаат новинарите за вашата експертиза за да можат да ви се обратат токму вам кога ќе им треба извор. Ако вие не сте вистинскиот извор за одредена сторија, поврзете ги со друг кој би бил за да покажете дека сте подготвени да помогнете. Не бидете само извор на информации, туку ресурс.

    Успешните луѓе го користат овој период во годината за да не стагнираат. Искоритете го и вие летото за да го унапредите вашето размислување и знаење и да создадете нови можности за себе.

    (World Economic Forum)

    SHARE