Прашина од Месечината се продава на аукција во Њуjорк

    Прашина која првиот човек кој стапнал на Месечината, Нил Армстронг, ја донесе на Земјата е изложена во аукциската куќа Сотби во Њуjорк и се очекува дека овој симбол на славните денови на американската вселенска програма ќе достигне цена помеѓу два и четири милиони долари.

    Тоа е едно од 180 нешта поврзани со патувања во вселената кои аукциската куќа ќе ги понуди на аукција на 20 јули во чест на 48. годишнина од првото слетување на Месечина во 1969 година. Прашината која ќе биде на продажба е првиот примерок од Месечина во историјата.

    На аукцијата ќе биде понудена и фотографија од Баз Олдрин, вториот човек на Месечина, која е проценета меѓу 3 000 и 5 000 долари.

    Нивниот план на лет за враќање на Земјата, според Сотби, вреди помеѓу 25 000 и 35 000 долари, а фотографија од астронаутот Џин Кернан кој леташе со вселенското летало Аполо 17 во лунарниот модул е проценета помеѓу 2 000 и 3 000 долари.

    planМаскотата на екипажот на леталото Аполо 10, кукла според кучето Снупи во скафандер, е проценета помеѓу 2 000 и 3 000 долари.

    Првиот човек во вселената, советскиот космонаут Јуриј Гагарин, го опиша погледот кон Земјата во 1961 година како „величенствена слика“ и напиша дека „Земјата има единствен и прекрасен син ореол кој јасно може да се види кога се гледа хоризонтот и полека преминува од бледо сина кон синa, темно сина, виолетова и целосно црна боја“. Токму овој извештај преведен на англиски јазик е проценет дека ќе се продаде по сума помеѓу 50 000 и 80 000 долари.

    Гагарин загина во авионска несреќа во 1968 година, а Армстронг почина во 2012 година.

    (n1info.com)

    SHARE