Првиот балон на соларна енергија во светот полета во Бристол

    solar balloon1Децата коишто живеат во британскиот град Бристол имаа прилика да го видат летањето на првиот балон на соларна енергија во светот. Балонот, всушност, го направи првиот официјален лет уште во 2015 година, но децата од основното училиште „Хана Море“ имаа прилика во живо да видат како обновливата енергија може да ги напојува транспортните средства.

    Балонот е направен од лесен најлон прелеан со полиуретан. Воздухот во балонот се загрева од сонцето наместо oд печка на пропан. Црната страна од балонот е свртена кон сонцето, додека сребрената страна спречува да избега топлината од балонот. Технички, балонот е хибрид затоа што има согорувачи на пропан во случај да нема доволно сонце.solar balloonБалонот е сопственост на компанијата Bristol Energy,а го креираше компанијата Cameron Balloons.

    Ваквата едноставна наука ги тера луѓето, млади и стари, да се интересираат за зелената енергија. Имаме неверојатно моќни природни ресурси кои можат да ни ги загреваат домовите, да ни ги напојуваат автомобилите и да летаат балони. Многу е битно што правиме за да ја поддржиме обновливата енергија за да можеме да создадеме одржлива енергетска иднина за идните генерации“ велат од Bristol Energy.

    (Inhabitat)

    SHARE