Произведен e првиот клуч во светот од кој не може да се направи дупликат

    super 3D key1Во денешната дигитална доба биометриката е најпопуларeн избор за поголема безбедност. Од отпечатоци на прсти до препознавање на лице и активација со глас, можностите за обезбедување на нашиот свет се чинат бесконечни. Сепак, повеќето домови и понатаму користат традиционални брави и клучеви. Швајцарската компанија UrbanAlps и механичкиот инженер Алехандро Охеда го направија првиот 3Д печатен клуч во светот, кој ќе го смени начинот на кој ги обезбедуваме домовите.

    Клучот е побезбедна алтернатива на обичните клучеви, кои лесно можат да се скенираат и да се копираат. 3Д клучот се печати од внатрешноста кон надворешноста и затоа во него може да се стават повеќе уникатни елементи кои не се гледаат однадвор и затоа не може да се копираат.super 3D key„Не тврдиме дека од клучот никој не може да направи дупликат, но тоа секако не го можат обичните луѓе“ вели Алехандро. Иако функционира слично како обичните клучеви – влегува во цилиндрична брава и рачно се врти механизмот – Stealth Key е произведен со посебен системз а 3Д печатење наречен селективно ласерско топење. Тоа е бавен процес каде што со ласер се лепат еден за друг слоеви метален прав. .

    Stealth Key моментално можат да го користат некои избрани корисници. Еден пар клучеви заедно со механизмот за заклучување чинат околу 200 долари.

    (Design Indaba)

    SHARE