Пумпа за вода на која не ѝ треба електрична енергија

    Уредот кој можете да го видите во видеото подолу се нарекува Wirtz и е пумпа за вода, односно тркало на вода. Уште се нарекува и спирална пумпа или речна пумпа. Ова тркало ја користи енергијата на водата за да ја придвижува водата низ цевката додека се врти. Како што се движи водата низ цевката секој млаз вода под притисок се надоврзува на претходниот млаз.

    Сличен модел на оваа пумпа за прв пат бил произведен во далечната 1746 година од страна на Швајцарецот Вирц. Оваа пумпа набрзо била заборавена со појавата на електричната енергија, но неодамна повторно се појави како еден од патентите кои привлекуваат внимание на Интернет. Ова неверојатно парче технологија било тешко да се произведе во 18-тиот и 19-тиот век, но денес кога имаме на располагање цевки со секакви профили може да се направи лесно и евтино. Како што се врти тркалото водата и воздухот се придвижуваат низ цевките до излезниот отвор. Водата и воздухот се испумпуваат надвор на нивоа повисоки или пониски од нивото на изворот на вода. Благодарение на оваа пумпа водата се движи постојано без да се користи електрична енергија.

    Повеќето пумпи за наводнување работат на струја. Но, што ќе се случи доколку снема струја или има прекин во напојувањето? Дали тоа значи дека нашите посеви ќе се исушат? Ова е една од технологиите кои дефинитивно треба да се запаметат. Погледнете го видеото за да видите како изгледа тоа во пракса.

    (Innamag)

    SHARE