10 филмови кои се задолжителни за секој претприемач

    moviesВо Холивуд секогаш поминува добра приказна, а не постои подобра приказна од онаа успехот. Постојат неколку филмови кои навистина треба да ги погледне секој претприемач бидејќи обработуваат приказни како некој успеал да изгради бизнис од нула или се справил со секојдневните професионални препреки.

    Ви претставуваме листа од десет такви филмови кои содржат лекции за тоа како да се биде претпазлив во бизнисот.

    1. Wall Street (1987)

    51PSMDDFG1L

    Снимен за време на претседателството на Роналд Реган во САД, филмот им пренесуваше порака на генерацијата на млади претприемачи дека „алчноста е добра“. Имено, филмот прикажува што им се случува на претприемачите кога целосно забораваат на моралот во потрагата по пари и моќ. Филмот е совршен потсетник на тоа дека откажувањето од принципите за пари доаѓа со доста висока цена.

    2. Joy (2015)

    7701114.3Одличен филм, иако не толку познат кој раскажува приказна за жената која направи револуција во индустријата за производство на четки за чистење во 1990 години. Станува збор за Џој Мангано која благодарение на својот изум Miracle Mop стана милионер. Нејзината приказна може да биде инспиративна за сите претприемачи кои сметаат дека можат да предизвикаат чудо на пазарот.

    3. The Social Network (2010)

    SocialNetworkMoviePosterИако фиктивен во голема мера, приказната за основањето и успехот на Facebook е вистинска инспиративна приказна за тоа како претприемачите се соочуваат со предизвици. Филмот учи на важни лекции за тоа како да се биде отпорен но сепак доволно флексибилен за да се промени насоката на движење.

     

    4. Glengarry Glen Ross (1992)

    glengarry glen rossФилм кој навистина ќе ве пренесе во периодот на случување, во Чикаго во 1980 години, во конкурентскиот сектор на недвижнини. Истиот е базиран на драмата на Дејвид Мамет за која тој ја доби Пулицеровата награда. Ќе научите лекција за тоа што се случува кога еден бизнис ги вреднува парите и продажбата пред сѐ друго. Вистинска лекција за тоа како се раководи со оддел за продажба.

    5. Pirates of Silicon Valley (1999)

    lzf5fqhq
    Филм наменет за телевизија кој ги истражува првите денови на компаниите Apple и Microsoft како и меѓусебната врска која ја имале основачите на двете компании, Стив Џобс и Бил Гејтс. Ова е една инспиративна приказна од која можат да се извлечат неколку добри пораки за претприемачите.

     

    6. Pursuit of Happyness (2006)

    ee0f31610ad9ee08b21420d51d734faa
    Еден инспиративен филм базиран на вистинска приказна за Крис Гарднер кој се издигна од очајна сиромаштија и бездомништво и стана вистинска Волстрит легенда. Од неговата приказна може да се научи дека никогаш не треба човек да се откажува од своите соништа без разлика на какви препреки ќе наиде.

    7. Moneyball (2011)

    31a66952b13e177d75faea82d6985f55--bred-pit-billy-beane

    И ова дело е базирано на вистинска приказна за генералниот менаџер на Oakland A, Били Бин. Тој предизвика пресврт во бејзболот користејќи компјутерски генерирана анализа за да ангажира играчи и да изгради моќен спортски тим. Неговото користење на кариерна статистика при бирањето и купување на играчи го револуционираше овој спорт.

     

    8. Jerry Maguire (1996)

    jerry-maguire-movie-poster-1996-1010256540

    Филмот раскажува приказна за супер успешниот спортски агент кој навидум има сѐ, меѓутоа ќе сфати дека кариера изградена единствено на пари и успех е празна кариера. Тој започнува да ја преиспитува вредноста на работата и својот живот, поради што ќе се откаже од сѐ и ќе замине да работи како самостоен агент кој ќе ја вреднува врската која ја создава со клиентите наместо богатството. Лекцијата е дека следењето на соништата може повеќе да ве исполнува отколку трката за пари.

    9. Steve Jobs (2015)

    81U6OytzqWL._SY445_

    Релативно неколеблива претстава на основачот на Apple, Стив Џобс која во детали ја опишува неговата успеси и неуспеси, како и неговата борба да ја одржи компанијата лидер за технолошки иновации. Приказната за Џобс е подеднакво и испиративна за претприемачите и предупредувачка за тоа што му се случува на човек кога самиот тој станува душата на бизнисот.

    10. Office Space (1999)

    office-space-movie-poster

    Совршен микрокосмос на модерната канцеларија со работни коцки, полна со менаџмент кој не знае како да менаџира и „смртоносни“ работни рутини – причини кои го креираа модерниот претприемач. Филмот носи инспиративна приказна за тоа како еден човек може да предводи револуција во канцеларијата преземајќи ризик за да излезе од егзистенцијалниот работен „пекол“. Филмот ќе ве натера да ја согледате вредноста на излегувањето од ваквите канцеларии и следење на сопствениот сон.

    (inc.com)

    SHARE