ЕВН Македонија со серија донации за крајот на годината

- Advertisement -

Како продолжение на многугодишната традиција, и годинава ЕВН Македонија ги посвети празничните  денови на дарување подароци за социјално ранливите граѓани. Во последните денови на 2017 година ЕВН реализираше соработка за добротворни цели со Македонската православна црква и Исламската верска заедница.

Преку горенаведените субјекти ЕВН Македонија донираше пакети со прехранбени продукти и поголема количина намирници за подготвување на храна. Пакетите беа распределени низ цела Македонија, до оние семејства на кои им се најпотребни, а донираните намирници ќе бидат искористени за приготвување на топли оброци во народната кујна „Св. апостоли Петар и Павле” во Ѓорче Петров.

- Advertisement -

Ова е само дел од акциите кои ЕВН Македонија како општествено одговорна компанија ги практикува секоја година. Претходно ЕВН донираше и во Црвениот крст на РМ, Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Бутел, а исто така донираше и пакети за најмалите од општина Арачиново. Со ова  се достигна вкупна бројка од 800 донирани пакети.

Новогодишните празници се време на дарување, среќа, радост и обединување на семејствата на истата трпеза. Поради тоа, од особено значење и задоволство е да се биде поддршка на оние кои имаат потреба во овој период.

Сподели!
- Advertisement -