ВИДЕО: Toyota Setsuna, дрвен електричен автомобил

    Автомобилот е направен со помош на јапонски техники за обработка на дрво и спојување, поради што не е употребена ниеден клин ниту лепак за прицврстувањеtoyota setsuna

    Тојота креираше целосно функционален електричен автомобил кој е направен речиси целосно од дрво. Автомобилот е направен со помош на јапонски техники за обработка на дрво и спојување, поради што не е употребена ниеден клин ниту лепак за прицврстување.

    Се вика Toyota Setsuna и телото на автомобилот е составено од 86 рачно изработени панели. Алуминиумските елементи се toyota setsuna1поставени со цел да има контраст со бојата на дрвото. Дури и седиштата се направени од дрво во комбинација со кожа. Часовникот поставен во автомобилот одбројува 100 години од првичниот сопственик сè до последниот, бидејќи толку се смета дека ќе биде животниот век. За прв пат јавноста го виде овој автомобил пред неколку дена, за време на Миланската недела на модата.

    Погледнете го следното видео и запознајте го дрвениот автомобил.

     

    SHARE