Јужнокорејците со дури 1.218 дронови направија спектакл на отворањето на ЗОИ

- Advertisement -

Спектакуларни сцени со дронови кои со својата кореографија ги одушевија присутните ја обележаа денешната церемонија на отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја. Точно 1.218 дронови во синхронизиран лет направија форма на сноубордер, а потоа и олимписки кругови на небото на Олимпискиот стадион.

Ова беше снимено претходно, а во живо на самата церемонија на отворањето настапија 300 дронови, кои ќе бидат присутни секоја вече додека траат игрите и кога ќе се доделуваат медалите, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

Колку за потсетување, во наредните 17 дена за 102 медали ќе се борат 2.900 спортисти од 92 држави.

Сподели!
- Advertisement -