ВИДЕО: Nissan со нов концепт на кабриолет кој се претвора во ски – автомобил

- Advertisement -

Автомобилскиот производител Nissan го претстави својот специјално дизајниран автомобил кој може да се пренамени во ски – автомобил наречен 370Zki.

Се предвидуваше дека Nissan подготвува нешто несекојдневно за најголемиот автомобилски саем во САД кој се одржува во Чикаго и навистина, не разочара. На саемот официјално беше претставен 370Zki и претставува автомобил наменет за сите љубители на зимските спортови.

„Бидејќи ова е Чикаго, а во зима има многу снег во Чикаго, размислувавме за нов концепт автомобил со кој ќе ја одбележиме оваа атмосфера и да се забавуваме истовремено.“, изјавил Кевин Рафтери, менаџер за комуникации во Nissan.

- Advertisement -

Новиот модел 370Z Roadster кабриолет со V-6 мотор со 332 коњски сили и автоматски менувач со седум брзини. Предните тркала се заменети со скии, додека пак наместо задни тркала, се наоѓаат траки за скијање кои обезбедуваат полесно движење по снегот. Дизајнот изобилува со смели бои, а предниот, доминантно жолт дел е инспириран од наочари за скијање.

Пред да биде претставен во Чикаго, автомобилот 370Zki бил тестиран во Вајоминг каде тимот го возел автомовилот со спуштен кров на температура од -1 степен Целзиусов.

Сподели!
- Advertisement -