Јапонските автомобилски гиганти Toyota, Nissan и Honda заедно ќе градат станици за полнење на електричните автомобили

- Advertisement -

Јапонските производители на автомобили објавија дека ќе ги здружат силите за во земјата да го дуплираат бројот на станици за полнење на електричните автомобили со водородно гориво. Toyota, Nissan и Honda оформија заеднички проект со големи гасни и енергетски компании за во идните четири години да изградат 80 нови станици за полнење на автомобилите со водородно гориво, пренесува Bizlife.

Во оваа фаза постои значителен простор за соработка наместо да трагаме за полиња на кои би си биле конкуренција едни на други“ изјавија од Toyota. Основањето на компанијата Japan H2 Mobility (JHyM) временски се совпадна со заострените прописи за заштита на околината во водечките економии во светот, каде што се поттикнува развој на нови чисти автомобили и камиони.

- Advertisement -

Јапонија се фокусира на технологија за водородни ќелии во кои електрохемиската реакција ги поврзува водородот и кислородот за да настане електрична струја. Овие автомобили не можат да влезат во поширока употреба без станици за полнење со водород и обратно, немањето станици за полнење беше пречка за ширењето на технологијата.

Според официјални информации, постојните 101 станица во Јапонија моментално опслужуваат околу 2.400 возила, а нивниот недоволен број се смета за пречка за поттикнување на производството. Јапонската влада и автоиндустријата до март 2020 година планираат да отворат 160 вакви станици и да воведат во употреба 40.000 автомобили на водородно гориво. Владата настојува и да ги ублажи регулативитр за таквите автомобили за да се намалат трошоците.

Сподели!
- Advertisement -