Huawei е компанија со најмногу пријавени патенти во Европа во 2017 година

- Advertisement -

Технолошкиот џин Huawei во 2017 година пријавил најмногу патенти во Европската канцеларија за патенти, со што стана прва компанија од Кина со најголем број пријавени патенти во Европа, пренесува SEEBiz.eu. Европската канцеларија за патенти извести дека Huawei минатата година пријавил дури 2.398 патенти и со тоа ги надминал компаниите од рангот на Siemens со 2.220 пријави, LG со 2.056 пријави, Samsung со 2.016 пријави и Qualcomm со 1.854 пријави.

„Huawei става голем акцент на истражувањето и развојот, па бројот на пријавени патенти е природен резултат на таквата политика. Овие бројки веројатно уште ќе растат со оглед на тоа дека се повеќе сме предводници во поставувањето нови комуникациски стандарди, одобено во технологиите за 5G мрежи“ изјави д-р Сонг Лиупинг, потпретседател на Huawei.

- Advertisement -

До крајот на 2017 година Huawei пријавил вкупно 64.091 патенти во Кина и 48.758 патенти на останатите пазари во светот. Од нив одобрени се вкупно 74.307 патенти, а 90% од нив се однесуваат на иновации.

Од вкупно 180.000 вработени во Huawei во целиот свет околу 80.000, односно 40% се анагажирани во делот од компанијата задолжен за истражување и развој. Huawei во истражување и развој инвестира барем 10% од своите приходи и тоа преку истражувачки центри во неколку европски земји како Белгија, Финска, Германија, Шведска и Обединетото Кралство. Се предвидува дека во анредните години Huawei во истражување и развој ќе инвестира од 10 до 20 милијарди долари.

Сподели!
- Advertisement -