Македонскиот ајвар „Перустија“ предизвика голем интерес на Food Expo  во Атина  

- Advertisement -

Компанијата „Ларс“ која е производител на ајварот „Перустија“ од 10 до 12 март се претставува на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци Food Expo

Овој реномиран и многу посетен саем за нас е е добра можност да ги претставиме нашите производи, посетителите да ги пробаат, и да воспоставиме деловни контакти за иден влез на грчкиот пазар. Акцентот во претставувањето го ставаме на нашите премиум производи како што се ајварите, природните сокови, салцата, џемовите без шеќер од брендот Перустија“, велат од „Ларс“.

За посетителите најпримамлив е македонскиот ајвар затоа што голем дел од луѓето кои го посетиле штандот, воопшто не знаеле за овој производ. Со дегустациите, сите го пробуваат и се доста задоволни, велат од „Ларс“.

- Advertisement -

Меѓународниот саем за храна и пијалаци се одржува петти пат, од 10-ти до 12 март и е еден од најголемите во Југоисточна Европа. Годинава се очекуваат околу 70.000 посетители од грчки и од странски компании.


На Food Expo учествуваат 1.300 грчки и странски излагачи од вкупно 20 земји: Австрија, Бугарија, Белгија, Германија, Италија, Холандија, Полска, Турција, Индија, Египет, Шпанија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Израел, Романија.

- Advertisement -

Ајварот „Перустија“, кој се произведува во фабриката „Ларс“ во Штип, се извезува во повеќе од 20 земји ширум светот. Годишниот извоз достигнува вредност од 6 милиони евра.

Со 5 вкусови во својата палета: благ, лут и екстра лут црвен ајвар, зелен и жолт ајвар, овој македонски бренд е достапен за потрошувачите во САД, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Холандија, Германија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и многу други земји.

Сподели!
- Advertisement -