Најголемиот паметен град во светот ќе никне на Филипините

- Advertisement -

Со одржливиот раст на економијата на Филипините локалниот пазар на недвижности продолжува да привлекува масивни инвестиции, а странските играчи не пропуштаат прилика да го искористат тоа што го нуди земјата. Сепак, бидејќи се ограничува просторот којшто може да се развива во Метро Манила, создавањето копно по вештачки пат е најдобра опција. Во заливот во Манила во минатото имаше такви проекти, како што е и тековниот проект Aseana City, но создавањето вештачко копно и понатаму привлекува внимание кај инвеститорите.

Еден таков масивен проект набрзо ќе никне во заливот на Манила – градот Перл. Проектот се планира на површина од 407 хектари, а ќе биде финансиран и ќе го развива конзорциум од компании предводени од локалната компаанија UAA Kinming Group Development Corp., заедно со глобален микс од партнери од Конгконг, Кина, Југоисточна Азија, Европа и други региони, Smart Cities Association.

- Advertisement -

Проектот се подготвува како град кој нема за ништо да зависи од локалните заедници и ќе биде интернационална дестинација. „Крајната цел на проектот е да се предизвика социјална мобилност за Филипинците и да се претвори во интернационална дестинација за културна интеграција“ велат одговорните за проектот.

Јавно-приватното партнерство меѓу интернационалниот конзорциум и властите на Манила има за цел да го креира најголемиот паметен град во светот. Проектот ќе биде град во град во срцето на Манила и ќе има капацитет да собере 1 милион луѓе, а на жителите ќе им понуди се што им треба на едно место. Слично како другите големи центри, градот ќе има централен бизнис кварт и станбени, канцелариски простори, продавници, медицински, образовни и спортски центри и сл. Градот ќе има и стадион со капацитет од 8.000 седишта каде што ќе се одржуваат интернационални настани и спортски натпревари, а ултрамодерниот центар за изложби и конвенции ќе биде домаќин на локални и глобални конференции.

- Advertisement -

Во проектот се планира и терен за голф во близина на река за да се обезбеди оптимална јавна површина која ќе се поврзе со отвореното шеталиште крај брегот долго 10 километри. Иако проектот ќе привлече интернационално внимание и влијание, сепак, архитектонскиот дизајн ќе има некои типични филипински детали. Формата и дизајнот на градот распростран на 7 острови ќе личи на школка која се отвора за да го покаже бисерот кој го крие.

Формирањето на вештачко копно почнува годинава, а се очекува целиот проект да биде готов до 2035 година. Целата изведба ќе биде поделена на 7 фази со просечно времетраење од 2,5 години, а првата фаза се очекува да биде завршена во текот на наредните 3 години.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -