Постари и помудри? Извештајот на Kaspersky Lab ги покажува онлајн-навиките на луѓето постари од 55 години

    Постарите генерации се многу привлечна цел за сајбер-криминалците. Кога тие се онлајн и купуваат, ги отвораат своите банкарски сметки и комуницираат со своите сакани тоа го прават без ефективна заштита за себеси и за својата сопственост

    kaspersky securityПоследниот извештај на Kaspersky Lab и B2B International го покрена прашањето за безбедноста онлајн на лицата постари од 55 години. Според резултатите на истражувањето, прикажани во извештајот насловен „Постари и помудри? Со кои закани се соочуваат онлајн лицата постари од 55 години?“, оваа возрасна група може да се однесува несоодветно онлајн и честопати е подложна на измами. Резултатите се загрижувачки затоа што истражувањето, во коешто биле вклучени 12.546 корисници на Интернет од целиот свет, покажува дека постарите генерации, всушност, се многу привлечна цел за сајбер-криминалците. Кога луѓето од оваа генерација се онлајн и купуваат, ги отвораат своите банкарски сметки и комуницираат со своите сакани тоа го прават без ефективна заштита за себеси и за својата сопственост.

    И покрај фактот дека оваа возрасна група почесто инсталира софтвери за заштита на своите компјутери во споредба со другите генерации, тие не ги заштитуваат своите мобилни уреди и не се однесуваат одговорно онлајн. На пример, тие имаат активирано голема заштита на социјалните медиуми, а на своите пребарувачи помалку од другите возрасни групи (30% наспрема 38%). Исто така, тие не ги користат опциите за заштита кои ги имаат нивните уреди како „пронајди го мојот уред“ или VPN – 28% and 10% соодветно, наспрема 42% и 16% кај другите категории. Кога споделуваат информации само 35% од нив ги проведуваат пораките пред да ги испратат и само 16% избегнуваат да споделуваат информации кога се изморени (наспрема 44% и 31% кај помладите корисници на Интернет).

    Постарите генерации го користат Интернетот во многу сегменти од животот и со тоа стануваат поранливи за сајбер-криминалците доколку продолжат да не преземаат никакви превентивни мерки. Тие го користат Интернетот за да комуницираат со други луѓе – 94% од сите корисници на Интернет постари од 55 години испраќаат мејлови секој ден. Исто така, тие секојдневно онлајн завршуваат голем дел од обврските. Оваа возрасна група многу повеќе спроведува финансиски трансакции преку Интернет – 99% од нив купуваат и плаќаат сметки онлајн споредено со 84% од другите корисници.

    internet_1496861c

    Сепак, и покрај тоа, само половина од луѓето постари од 55 години се грижат за својата безбедност кога купуваат онлајн и најголем дел од нив (86%) не веруваат дека би биле мета на сајбер-криминалци. Загрижува фактот што 4 од 10 корисници на Интернет постари од 55 години си ја загрозуваат безбедноста преку споделување финансиски детали на јавни домени споредено со само 15% од другите возрасни групи.

    Недостигот од сајбер-искуство ги прави овие лица многу помалку подготвени да се соочат со опасностите на онлајн-светот. Според извештајот 20% од корисниците на Интернет имаат постари роднини кои имале проблеми со малициозен софтвер, а 14% имаат роднини кои биле прелажани со разни онлајн непостоечки награди. Освен тоа, 13% имаат постари роднини кои споделуваат премногу информации за себеси и 12% имаат постари роднини кои биле жртва на онлајн-измама, отвориле несоодветни или експлицитни содржини или комуницирале со опасни непознати лица.

    Андреј Мохола, шеф на одделот за стока за широка потрошувачка во Kaspersky Lab, вели: „Од една страна, одлично е да се види колку многу луѓе од оваа генерација го користат Интернетот за да купуваат, да плаќаат и да комуницираат со саканите. Извештајот покажува дека оваа генерација го сфаќа концептот ан конектиран живот и сите можности коишто ги нуди. Од друга страна, јасно е дека луѓето постари од 55 години не прават доволно за да се заштитат себеси онлајн. Уште повеќе загрижува тоа што тие не ни помислуваат дека се таргет за сајбер-криминалците и постојано се доведуваат во опасност. Ние во Kaspersky Lab ги поттикнуваме постарите корисници на Интернет да ги разберат опасностите кои демнат онлајн и да бидат повнимателни. Исто така, ги поттикнуваме помладите да им помогнат на своите постари роднини и пријатели да се заштитат од сајбер-криминалот. Потребно е да бидат внимателни онлајн, да инсталираат добри решенија за заштита и да ги прилагодат опциите за приватност на сите уреди кога се вклучуваат на Интернет за да имаат посреќен конектиран живот“.

    За повеќе информации за постарите корисници на Интернетот и заканите кои ги демнат онлајн посетете ја оваа страница. Исто така, можете да проверите колку вие ги знаете опасностите на сајбер-криминалот на https://blog.kaspersky.com/cyber-savvy-quiz/. За да дознаете повеќе за тоа како можете да се заштитите себеси онлајн посетете ја https://blog.kaspersky.com/tag/cybersavvy.

    Oвластен дистрибутер на Kaspersky за Македонија е Кабтел, 02/3103235

    http://www.kabtel.mk/mk/kaspersky_network.html

    SHARE