Како да ја поставите вашата лична мисија по пример на Опра, Илон Маск и Ричард Бренсон?

- Advertisement -

Кога ќе пренесете некоја мисла или намера на хартија или ќе ја запишете во телефон, тогаш тоа ќе ви даде повеќе мотивација да се фокусирате на остварување на истата. На сличен начин, кога ќе си поставите и своја лична мисија и ќе си ја запишете, тогаш ќе ви биде поедноставно да донесувате одлуки од ден во ден кон остварување на мисијата.

Многумина од паметните умови на денешницата веќе си имаат поставено своја лична мисија според која живеат и според која ги донесуваат секојдневните одлуки. Еве неколку.

- Advertisement -

Ричард Бренсон: „Да се забавувам низ патешствијата во животот и да учам од грешките.“

Илон Маск: Ако нешто ви е доволно важно, треба да се обидете да го остварите, дури и најверојатниот резултат да е неуспешен.“

- Advertisement -

Опра: „Да бидам учител. И да ме знаат по тоа дека ги инспирирам учениците да бидат повеќе од тоа што некогаш помислиле дека би биле.“

- Advertisement -

Поставувањето на лична мисија е моќна алатка бидејќи ви го визуелизира патот кон успехот и ви дава дозвола да ги одбивате нештата кои само ви го одземаат вниманието. Иако не постои формула за дефинирање на лична мисија, еве неколку прашања на кои би можеле да одговорите додека размислувате која би била вашата лична мисија.

  1. Кој е проблемот кој сакате да го решите?
  2. Зошто сакате да го решите тој проблем?
  3. Како делувате за да го решите и зошто на тој начин?
  4. Кои минати искуства ви причинувале задоволство?
  5. Што ве прави различни од другите?
  6. Дали личната мисија ви е доволно концизна за да ве разликува од другите?
Сподели!
- Advertisement -