Google внесува новитети во пребарувањето

    google-chrome Google започна да спроведува експерименти на пребарувачот како вовед за големите промени кои ги подготвуваат за своите корисници. Компанијата започна да тестира нова верзија за индексот за пребарување, а приоритет ќе им се даде на мобилните содржини во резултатите на пребарувањето.
    Пребарувањето на Google функционира на таков начин, што ботовите „кружат“ во мрежата и пронаоѓаат повеќе од шеесет милијарди страници и линкови. Понатаму, Google ги категоризира во огромен индекс базиран на стотина ралични фактори. Токму овој индекс, заедно со серија на алгоритми, е она што му овозможува на Google да ги поврати релевантните резултати од пребарувањето – со листа од линкови одбележани со сина боја, односно оние линкови на кои веќе имате пристапено.
    Со новата надградба, Google ќе може да утврди ранг листа на страници врз основа на нивната мобилна содржина.

    (poslovni.hr)

    SHARE