Како ефикасно да ги продадете Вашите консултантски услуги?

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) организира обука ‘Маркетинг и продажба на консултатски услуги’ која  ќе се оддржи од 12-15 декември 2016 во Скопје. Пријавувањето е во тек!

consulting

Дали е доволно да имате доволно знаење и да важите за добар консултант ако постојано не работите на ширење на пазарот и барање нови? Како ги продавате и промовирате своите консултантски услуги? Дали постојано го анализирате пазарот и барате нови бизнис можности?… Ако имате дилеми околу овие прашања обуката ‘Маркетинг и продажба на консултатски услуги’ која  ќе се оддржи од 12-15 декември 2016 е наменета токму за Вас!

Оваа обука, наменета за консултанти, е дизајнирана да им помогне на консултантите подобро и полесно да го запознаат пазарот, да ја разберат сегментацијијата на пазарот на кнсултантски услуги и да идентификуваат во кои сегменти можат да привлечат најмногу клиенти.

Исто така, учесниците ќе научат нови маркетинг алатки и практични продажни вештини наменти за консултантскиот бизнис. Ќе се поработи и на совладување на вештините за пишување успешен проект.

Обучувачи на оваа обука во Скопје ќе бидат Јан Џонс (Ian Jones) и Јован Маџовски кои имаат богато искуство и знаат што е потребно за успешно да се продаде консултантска услуга.

ian-jones
Јан Џонс

Продажбата и маркетингот се суштината на секој консултантски бизнис. Доколку не се трудите да ги дознаете потребите на клиентите и да ги задоволите нивните барања не можете да воспоставите долгорочни, продуктивни, исплатливи односи со бизнис партнерите со заемна корист.

Клиентите работат најдобро со луѓе со кои се чувствуваат удобно, кои ги разбираат нивните амбиции и процесот на истражување на пазарот. Добивањето признание на пазарот и остварувањето.долгорочни бизнис односи се процеси кои треба да ги усоврши секој успешен консултант доколку сака да ги искористи сите можности што му се отвораат.

jovan
Јован Маџовски

Овој тренинг е совршен баланс меѓу теоретскиот пристап на темата и потребните практични вештини за да допрете до публиката со своите пораки и да го развивате консултантскиот бизнис“, вели обучувачот Ian Jones, консултант со долгогодишно искуство кој заедно со Јован Маџовски ќе ја води обуката „МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА НА КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ“ oд 12-15 декември во Скопје.

ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ НА ОБУКАТА?

* Да ги запознаете пазарите за консултантски услуги и да ги идентификувате празнините кои би можеле да ги пополните

* Да го разберете сгементирањето на пазарот за консултантски услуги и да научите каде да ги позиционирате своите услуги за да ги привлечете клиентите што ги посакувате

* Да ги зајакнете своите способности за маркетинг до тие посебни ниши, и за индивидуални клиенти и за компании

* Да ги научите алатките за маркетинг и практичните техники за продажба во индустријата за консултантски услуги

* Да го усовршите пишувањето на победнички проекти

* Да имате подобро разбирање на соодветното поставување на цени за своите консултантски услуги

* Да ги примените најдобрите интернационални практики во маркетингот и продажбата на своите консултантски услуги

Инфо на следниот линк.
Пријавувањето е во тек на petricht@ebrd.com и ingilizs@ebrd.com, како и на 02 3135 078 или 075 492 224.

SHARE