ПланУМ, првиот интерактивен планер Ве води “од идеја до реализација”

    Неодамна авторката Александра Шаровиќ Атанасовска го издаде првиот интерактивен планер на активности наречен ПланУМ, кој освен што ќе ви помогне да си ги планирате активностите, ќе ви служи и како личен коуч во остварување на зацртаните цели. Шаровиќ Атанасовска по професија е коуч и со ПланУМ го доближува концептот на коучинг до што повеќе луѓе. Што всушност е ПланУМ и зошто треба да биде ваш секојдневен другар? 

    %d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%83%d0%bc

    (Разговараше- Верица Јорданова)

    - Александра, за идејата да се „роди“ ПламУМ зборувавме пред повеќе од една година. ПланУМ е спремен за сите кои навреме и детално сакаат да си ја планираат 2017 година. Од каде всушност беше идејата која очигледно ја „крчкаше“ поголго време? 

    %d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%80%d0%b0-2На денешната изложеност на море од информации и понекогаш неселективниот пристап при нивно процесирање неминовно се доведува во прашање нашата моќ на приоретизација. Гладни сме за многу, товариме повеќе отколку што можеме да понесеме па често се случува да се најдеме “изгубени во преводот” и тоа на сопствените сценарија.  Во одредени периоди ми се случувало да го изгубам фокусот а со тоа и посакуваниот резултат, па наместо да барам изговори решив да создадам систем на планирање кој лесно ќе ме води од зацртана до прецртана целJ

    Истовремено, со зачнувањето на оваа идеа, сосема случајно налетав на една интересна дефиниција која вели дека “Пишувањето е форма на експресивнa анализа која го користи чинот на пишувањето и обработка на пишаниот збор како терапија.”  Можеби терапија е сериозен збор во однос значењето кое го има истиот во нашиот разговор, но како и да е, сугерира на моќта која ритуалот на пишување ја има врз нас.

    Без разлика на што се однесуваат, нашите мисли jа менуваат својата состојба од апстрактна во конкретна онојпат кога стануваат запишани.

    Запишувањето, од ситните детали до големите соништа успева да ни ги сосредочи мислите и да го фокусираат нашиот ум на еден единствен момент во сегашноста. Овозможува уникатна можност за објективна опсервација. Прави јасен преглед на дадена ситуација и нуди можност истата да се корегира или потврди и испланира понатамошно делување. Попат, еднаш запишаната или илустрирана мисла не прави поодговорни во процесот на нејзина реализација.

    А чувството на одговорност ни е вродено …. Го чувствуваме како внатрешен часовник кој не буди некогаш и пред аларамот, како sticky note на компјутер кој не потсетува што е следно на дневен ред, како жолт маркер коj ја означува приоритетноста на задачите. Овие секојдневни симболи се потврда за нашата неспорна потреба да бидeме точни, навремени,  организирани, доследни и истрајни. Не потсетуваат колку ни е битно она што ќе си го зададеме како цел и да го исполниме. Потврда се за нашата професионалност и на некој начин претставуваат мерило за цврстината на нашиот карактер. Се чувствуваме задоволно кога ќе ги исполниме нашите или очекувањата на другите а уште позадоволни сме кога ќе ги надминеме истите.

    Овие сознанија ми дадоа логична оправданост но и солидна подлога во процесот на креирање на она што требаше да биде мој личен , интимен простор за контемплација , визионирање и планирање. Работната верзија на ПланУМ ми помогна да го создадам сега уникатниот, интерактивен планер во А5 формат со 230 и нешто страници, достапни за сите оние кои сакаат да ги канализираат мислите во еден структуран процес “од идеа до реализација”.

    - Твојата примарна работа преку компанијата „Моментис“ е коуч, односно човек кој помага во персоналниот развој. Која е всушност спојката помеѓу твојата примарна професионална определба и осмислувањето и пишувањето на ПланУМ? 

    %d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%80%d0%b0

    Коучингот е техника на асистирање на поединец или група во процесот на изнаоѓање на решение за одреден предизвик. Денешното брзо темпо на живот прави од секој ден еден голем предизвик. Секоја ситуација на работа или дома е мал проблем кој бара паметно решение. Само со свесно генерирање на што поголем број солуции и организирано и систематизирано планирање, може истите да се надминуваат со леснотија. Планумот чија структура се заснова на вежби и техники од коучинг методологијата со фокус на решенија делува како моќна интерактивна алатка која ни асистира во кристализирање на посакуваните цели и во дефинирање на една детална мапа и план за нивна реализација. Јас лично го доживувам ПланУМ како сопствен, внатрешен глас, кој преку структуиран, воден процес добива призвук на персонален коуч кој ме стимулира да размислувам свесно за животните предизвици и ме држи одговорна при исполнување на моите планови.

    - Александра, дали веќе почна да го користиш ПланУМ?

    Како што кажав, ја имав таа ексклузивна можност да работам на пилот верзијата на ПланУМ :). По тест фазата, отворено кажувам дека ПланУМ бара свесна работа на самиот себе, но во исто време нескромно тврдам дека таа работа несомнено резултира со зголемена мотивираност и продуктивност.

    Едноставно, за да не ви се случи да сте глупавиот од “паметниот запишува, а глупавиот памти” или да ја преживувате секогаш истата недела онаа пред понеделникот кога се решивте да ја започнете диетата и одењето во теретана, за да не ви се случи да се најдете пред почеток на една нова година со чувство на комоција и релаксираност дека се пред вас долги 12 месеци, а истите тие да ви пројдат за час, слушајте го сопствениот глас кој има многу што да каже, запишувајте  и почнете да планирате со време.

    - Зошто и како ПланУМ не е „обичен“ планер на активности, туку интерактивна алатка? 

    ПланУМ е алатка која доколку континуирно и одговорно  ја користите може да ве однесе далеку или барем до онаму каде што реално ќе ја поставите крајната цел. ПланУМ не се празни листови со дневни, неделни и месечни прегледи туку ПланУМ е наш личен тренер, наш интимен сопатник, некој кој не предизвикува слободно да сонуваме и смело да остваруваме. Преку структуриран процес поделен во 5 логично следствени фази, ПланУМ не води од апстрактен зачеток на една идеа до конкретни чекори за нејзина реализација.

    ПланУМ изобилува со вежби кои не стимулираат да креираме визија за нашите цели; со неделни матрици за приоретизација кои ни посочуваат дека нештата мора да имаат свој редослед и тоа логичен; со ретроспективни прашања по секој месец кои ќе не натераат да развиеме краток монолог со самите себе , нешто што е повеќе од потребно доколку сакаме да го оцениме сопственото задоволство од одреден животен аспект, за да знаеме каде и што да коригираме; со уникатни страници за канализирање на креативниот набој,и други техники чија цел е да ја освестат моќта кај секој од нас за чинот на планирање. Истиот може да работи за нас и нашите цели или ќе работиме ние за него, трчајќи безумно и прецртуваjќи обврска по обврска од страшната, полна агенда.

    - Најавивте и можност за компаниско персонализирање на ПланУМ? 

    %d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d1%80%d0%b03

    Гледано од професионален аспект, ПланУМ претставува оптимално решение за успешно пресретнување на таргети, манаџирање на работното време, приоретизирање на активности, справување со стрес итн.

    Токму поради ова, планумот е иделен продукт кој ќе најде повеќе од практична примена во поголемите компании и корпорации кои и онака се во секојдневна потрага по начини како да ја задоволат потребата од личен и професионален развој на своите вработени. ПланУМ го нуди токму тоа. Практично “џепно” решение кое суптилно ги ослободува капацитети и ресурсите на еден поединец, да биде од ден во ден подобра верзија на самиот себеси.

    Освен како корисна алатка, со својот А5 формат, Планум претставува практичен производ кој идеално се вклопува во сечија чанта или актовка, а со својот современ и инспиративен дизајн уште подобро му прилега на секој поединец и компанија која води грижа за својот имиџ.

    - Каде може да се најде и купи ПланУМ?

    Издавач на ПланУМ е издавачката куќа „Паблишер„ а истиот може да се купи во сите книжарници и продажни места на ТРИ, по цена од 499 денари. Нарачки на 02/3245622 и на tri@kniga.com.mk.

    SHARE