Consulting Inter Group: Како се заштитува трговска марка во Македонија?

Многу од компаниите поради соработка со надворешни партнери, како и со внатрешни партнери имаат потреба од заштита на својот бренд . За брендот да биде заштитен потребно е да се поднесе барање до Државниот завод за индустриска сопственост. Експертите oд Consuting Inter Group Ве советуват што треба да направите!

logo-penka

 

Државниот завод за индустриска сопственост работи согласно националните закони, позитивните законски прописи на Р.Македонија и меѓународни договори кои се ратификувани од нашата држава.

Со трговска марка можат да се заштитат следниве знаци: слика, цртеж, збор, израз, вињета, шифра, комбинации на знаци, комбинации на бои, рељеф, фигура. Зборовите и буквите може да се напишат на било кој јазик и со било кое писмо.

Што е предмет на заштита:

– слика
– цртеж
– збор
– израз
– вињета
– шифра
– комбинации на знаци
– комбинации на бои
– рељеф
– фигура

Како трговска марка не се сметаат печат, штембил, и пунца (службен знак за обележување на скапоцени метали, мери и сл.). при поднесување на пријавата  производите и услугите мора да бидат распоредени и означени според Меѓународната класификација при што услугите се распоредени во вкупно 45 класи, од кои 34 се класи на производи, а 11 се класи на услуги.

Согласно тоа постапката за  признавање на правото на трговска марка се поведува со поднесување на пријава на трговска марка до Државниот завод за индустриска сопственост.

Пријавата се поднесува за:

Индивидуална трговска марка; колективна трговска марка или сертификатна трговска марка

Трговска марка е индивидуална доколку подносител е едно правно или физичко лице (или повеќе), но тие не формираат здружение и немаатпосебни правила за условите за користење на марката. Трговските марки во најголем процент се индивидуални.

Трговска марка е колективна доколку подносител на пријавата е здружение кое има посебен правилник за користење на марката – пр: знакот на Здружението на производители на месни и млечни производи

Трговска марка е сертификатна кога подносителот на пријавата пропишува посебни ПРАВИЛА за користење на трговската марка и дава дозвола за користење на тие што ги исполнуваат условите што тој ги пропишал.

Како подносител на пријава за признавање на трговска марка може  да се јави  правно или физичко лице и во пријавата се наведуваат, доколку е физичко лице неговите лични податоци (име, презиме, матичен број и адреса), доколку пак е правно лице фирмата и седиштето за правно лице.

Барањето го потпишува подносителот или неговиот застапник, односно заедничкиот претставник доколку има повеќе подносители. Ако подносителот е правно лице, кај потписот се наведува името на лицето кое го потпишало барањето и се става печат на правното лице.

Откако ќе биде поднесено барањето се чека дали против вака поднесената пријава има приговор. Согласно Законот тој рок е 3 месеци од денот на објавување на пријавата против која може да се поднесе приговор, по што по неговиот  истек , доколку не е поднесен приговор Заводот донесува Решение. По донесувањето на Решението правото се запишува во регистарот на трговски марки и се објавува во службено гласило на Заводот. На носителот  на правото на трговска марка  му се издава исправа најдоцна во рок од 6 месеци од датумот на донесување на решението  за признавањето на правото на трговска марка.

ПРИЈАВАТА НА ТРГОВСКА МАРКА МОРА ДА СОДРЖИ:

  • - барање за признавање на правото на трговска марка –
  • 1 (барањето се поднесува во 3 примероци)
  • - податоци за подносителот на пријавата
  • - изглед на знакот за кој се бара заштита 3 -примероци, и
  • - список на стоките и услугите за кои се бара заштита-3 примероци
  • - Општ акт за колективна/сертификатна марка
  • - Овластување за застапникот
  • - Доказ за правото на првенство

Заштитата на правото на трговска марка изнесува 10 години од денот на уредната пријава, а важи до денот на уписот во регистарот. Важењето на трговската марка може да се продолжува неограничено со поднесено уредно барање и доказ за платена административна такса.

Новиот период на заштита започнува наредниот ден по истекот на последниот ден на претходниот период на десетгодишната заштита.

SHARE