Ема Тошевска: Се повеќе македонски фарми го користат нашиот софтвер за поголемо и поекономично земјоделско производство!

Pаnteon farming“ е иновативна алатка наменета за сточари, лозари, овоштари, производители на вино и на градинарски и раноградинарски култури, што им помага на земјоделците да водат електронска евиденција на настаните на своите фарми

panteon

Даталаб“ е компанија која повеќе од 20 години на своите клиенти, мали, средни и големи претпријатија, им нуди врвен софтвер. Под мотото „Претворете ги вашите податоци во профит“, „Даталаб“ развива модерни партнерски модели со клиентите. Компанијата со седиште во Словенија има филијали во регионот и Европа. Мисијата на „Даталаб“ е со иновативен деловно инфрмационен систем да обезбедат конкурентност на компаниите.

Специјално за „Иновативност“, директорката на филијалата во Македонија, Ема Тошевска, зборува за софтверот „Pаnteon farming“, наменет за целосно модерно управување со фарми.

- Г-ѓа Тошевска, „Даталаб“ е информатичка компанија која нуди иновативни решенија за управување со фарми. „Panteon Farming“ е софтвер кој веќе некое време е присутен на македонскиот пазар. Какви услуги им нудите на клиентите?
ema-tosevska
Ема Тошевска, директорката на филијалата во Македонија

Даталаб МК“ e компанија која на македонскиот пазар е присутна речиси 10 години и нудиме современ софтвер за деловно работење кој што ги покрива сите потреби на малите и средни претпријатија, без оглед на дејноста во која што работат. Секоја компанија е специфична од аспект на своите потреби и организација, меѓутоа со нашиот софтвер „Pаnteon“ успеваме комплетно да ги покриеме потребите на компаниите за целокупното работење, вклучувајќи евиденција на документи за секторот комерција, комплетно материјално и финансово работење, производство, човечки ресурси, пресметка на плата и слично.

„Pаnteon farming“, пак, е посебно дизајниран софтвер што е наменет исклучиво за фармерите, со кој веќе 4 години им помагаме на земјоделците да водат електронска евиденција на настаните на своите фарми, почнувајќи од производните процеси од технички аспект се до пресметка на цената по единица производ од економска гледна точка.

„Pаnteon farming“ е софтвер наменет за сточари, лозари, овоштари, производители на вино и на градинарски и раноградинарски култури. Најнов модул кој што е актуелен во моментов е „Pаnteon vet“ кој е наменет за сите ветеринарни амбуланти.

„Pаnteon farming“ е софтвер наменет за сточари, лозари, овоштари, производители на вино и на градинарски и раноградинарски култури

На нашите клиенти им овозможуваме брз, лиценциран софтвер за обработка на податоци и нивно чување на cloud, им одржуваме обуки за користење на програмaтa и им обезбедуваме целосна техничка поддршка во врска со производот.

- Кои се предностите на паметното земјоделство, може ли иднината да се замисли без технологијата?

Предностите на „паметното земјоделство“ и примената на ИКТ технологии во секторот придонесуваат за профитабилно, рентабилно, ефективно и ефикасно искористување на ограничените природни ресурси и фактори на производство. Со примената на софтверски решенија во земјоделството може да се одговори на предизвикот за обезбедување на квалитативно и квантитативно доволно количество на храна за светското население чија севкупна големина бележи постојан растечки тренд. Дали земјоделството може да се замисли без технологија? Одговорот е “не“. Краткорочно, економии во трaнзиција и економии на земји од третиот свет би можеле да бидат присутни на пазарот и без инвестирање во нови технологии, како снабдувачи на примарни земјоделски производи кои успеваат само на одредено географско подрачје, но нивната конкуретност со тек на времето целосно би ги исфрлила од пазарот, процес кој веќе е започнат. На долг рок, пазарот на земјоделски производи ќе се стесни во вкупен обем на производители, и на него присутни ќе останат само оние кои инвестирале во технички и технолошки иновации кои им овозможиле да произведуваат поевтино од традиционално ориентираните производители.

- Колку време вашите клиенти работат со „Pаnteon farming“ кои се конкретните бенефити за нивниот бизнис, какви се нивните искуства?

Имаме клиенти кои веќе неколку години се корисници на „Pаnteon farming“ со позитивни искуства. Го користат мали и средни фарми, земјоделски задруги и големи агро комбинати од државата. За сите корисници еднаш годишно организираме анкета за мерење на задоволството од употребата на „Pаnteon farming“, која се состои од прашања поврзани со користењето на софтверот во поглед на олеснување на управувањето, намалувањето трошоци и промените во приходите. Сите се едногласни дека со користењето на „Pаnteon farming“ заштедуваат време, кое инаку го трошеле на рачна евиденција на промените, ги намалиле трошоците со тоа што го знаеле точното време за ѓубрење и третирање со пестициди (преку додатоците за следење на временска прогноза и број на штетници) и бележеле зголемен приход за најмалку 10%. Како референтни фарми во случајов би ги споменала органската фарма „Липа“ од Мустафино, Свети Николе, кои се занимаваат со одгледување и преработка на овошје и зеленчук од органско потекло. „Pаnteon farming“ во случајов освен овие придобивки, и овозможува на управителката Сузана Димитриевска пристап до европски фондови и грантови за поттикнување на руралниот развој. Приложувајќи ги пресметките и податоците од „Pаnteon farming“, неповратните средства за поддршка од ЕУ се подостапни од било кога.

Во видеото во продолжение се претставени придобивките од употребата на „Pаnteon farming“ кај нашите клиенти „Бониер“ од Свети Николе, кои детално ги опишуваат подобрувањата во нивната компанија благодарение на воведувањето на „Pаnteon farming“ во нивното работење.

mobilna-aplikacija

- Дали македонските фармери се отворени за воведување технологија во нивното производство?

Македонските фармери се побрзо ги прифаќаат новите технологии за производство. Младите фармери, кои ги наследуваат семејните фарми, покажуваат голем интерес за нашиот софтвер и други технологии за модернизација на земјоделското производство и ги согледуваат можностите за развој. Од воведувањето на производот на пазарот па до денес, постои голема промена во перцепцијата на традиционалниот македонски фармер, што нас особено не радува. Фактот што ваков софтвер потекнува и има докажан успех во Словенија и соседните земји од Балканот им влева чувство на доверба и стремеж кон достигнување на истото ниво.

- Колкав е трошокот што треба еден производител да го направи за да го набави софтверот?

Цените варираат според големината и типот на фарма за која станува збор. На пример, цената на „Pаnteon farming“ на годишно ниво за фарма со 40 хектари засадени површини и 30 грла добиток изнесува 22.878 ден, која во себе вклучува бесплатна мобилна апликација и инсталација на програмата на неограничен број уреди, кои се во сопственост на фармерот. На следниот линк, може да се види комплетниот ценовник за сите варијанти на PANTHEON Farming.

- Во кој правец планирате да ја развивате оваа услуга?

Почнувајќи од септември годинава го воведовме софтверот „Pаnteon vet“, посебно сОфтверско решение за ветеринарни станици и клиники за домашни миленици. Тоа е еден нов предизвик за нас бидејќи ја проширува нашата целна група на потрошувачи, а сепак останува во секторот. Во врска со „Pаnteon farming“ се следат тековните промени во желбите и потребите на потрошувачите, законските регулативи и прописи за водење на евиденција за потребите на институциите. На секои 90 дена се прави бесплатна надоградба на тековната верзија на корисниците со дополнителни алатки и усовршување на постоечките.

SHARE