Овој паметен чадор ќе ве извести ако го изгубите

    smart-umbrella3Њујоршката компанија Davek тврди дека го направила најцврстиот и најквалитетниот чадор и сега стартуваше кампања на Kickstarter за призводство на овој неконвенционален и иновативен дизајн. Чадорот се вика Davek Alert.smart-umbrella1

    Ова не е некој вообичаен заштитник од дождот туку паметен гаџет кој е навистина издржлив. Има дршка од легура на цинк, рамката му е од фиберглас. Може да се купи во претпродажба со донација за кампањата од 79 долари. smart-umbrella

    Она по што се издвојува од сите други е тоа што е опремен со батерија CR2032 и високо технолошки сензор за движење. За чадорот има и посебна апликација за iOS и за Android. Оваа апликација му овозможува на чадорот да ви испрати аларм секогаш кога ќе се оддалечите од него повеќе од 9 метри.smart-umbrella2

    Davek го креираа чадорот затоа што многу луѓе ги забораваат чадорите на јавни места како ресторани, театри, метроа и слично. Сепак, овој чадор нема да ви каже дека сте заборавиле да го понесете од дома доколку прогнозата вели дека ќе врне затоа што мора да го фатите во рака за да се активираат сензорите, иако апликацијата ќе ви ја каже временската прогноза за секој ден за да знаете кога ќе ви треба чадор.

    (HackRead)

    SHARE