9 бесплатни апликации кои веднаш ќе ви го олеснат секојдневието (1)

    Не постои ништо повредно од времето. Овие апликации ќе ви помогнат да го користите истото поефикасно

    aplikacii

    Мобилни апликации веќе користи секој. Истражувањата покажале дека Американците просечно трошат по три часа дневно користејќи мобилни апликации. Кога веќе минувате толку многу време користејќи апликации било за работа, забава или релаксација, подобро е кога тоа ќе ви се исплати, зарем не?

    Без разлика дали ќе се бесплатни, иницијално вклучени во телефонот или пак чинат до 10 долари, секој би сакал апликацијата да му влијае позитивно на секојдневието со тоа што ќе имаат функции различни од останати апликации. Од апликации за поедноставување на рутините за релаксирање до апликации за забава, следниве апликации се наменети и за Андрои и за iOS.

    1. Duo

    Можеби имате iPhone и барате алтернатива за апликација за видео повици или пак користете Андроид уред, но не сте задоволни од Skype сервисот. Инсталирајте ја Duo, решението на Google кое е алтернатива на апликацијата Facetime. Достапна за iPhone и Андроид, со Duo можете да остварите видео повици со било кој корисник на апликацијата и со телефонски број. Едноставна е за користење и постои можност за надоградба именувана како Knock Knock која ви го овозможува да го видете во живо оној што ве повикува уште пред да одговорите на повикот.

    1. Hours Keeper

    Да бидете сам свој газда, носи одредени бенефити; но следење на потрошените часови не е еден од нив. Оваа апликација го поедноставува процесот на организирање на времето кое го трошите на неколку клиенти и ви овозможува да ги сортирате часовите на платени периоди и да креирате сметки за неколку секунди со готовиот ПДФ документ кој ви го нуди. Рачно можете да ги внесете работните часови или да го овозможите автоматското подесување за часовите кога ги започнувате и завршувате работните задачи, што ви овозможува на крајот да останете фокусирани и да го искористите времето максимално.

    1. Healthy Living

    Дали веќе конзумирате повеќе органска храна? Одлично. Се повеќе посветувате внимание на етикетите за хранливи вредност? Супер. Но што се случува доколку се запрашате што се’ содржат останатите производи кои ги користете секојдневно како шампонот или кремот за бричење? Кого да прашате? Инсталирајте ја Healthy Living апликацијата на EWG (Environmental Working Group) која ќе ви ги појасни состојките на овие производи. Можете да го пребарате производот според името, да го скенирате бар кодот или да одберете некој од најпребаруваните производи во апликацијата.

    1. Square Cash

    Една од најновите опции на дигитален паричник на пазарот, оваа апликација ви овозможува инстантно праќање на пари на било кој што ја користи апликацијата, како и помеѓу различни банки преку е-маил, порака или “Cashtag”, како и персонализирана веб страна преку која можете да добивате и испраќате пари. Вашиот профил е поврзан со вашата дебитна картичка, значи нема посебна сметка за пари за која треба да водите сметка. Бонусот на апликацијата е тоа што компаниите можат да прифаќаат уплати од своите клиенти преку апликацијата без паричен лимит.

    (Следува продолжение)

    SHARE