Одлуки за поуспешна 2017 година!

    Ако веќе сте донеле одлуки за новата година, сега е вистинско време да го проверите списокот и да размислите за ажурирање на моменталните деловни потреби и цели со некој од следните предлози

    resolutionsДали и вие сте еден од претприемачите кои на почетокот на годината составуваат список со одлуки за поуспешна и попрофитабилна работа во текот на годината? Ако веќе сте донеле одлуки, сега е вистинско време да го проверите списокот и да размислите за ажурирање на моменталните деловни потреби и цели со некој од следните предлози.

    1. Воведете апликација за управување со бизнисот

    Еден од првите чекори за поуспешна работа на компанијата во 2017 година е воведување апликација за управување со бизнисот. Доколку сакате максимално да ја зголемите ефикасноста размислете за некоја од апликациите кои се business-management-appдостапни на пазарот. Предноста на денешните апликации е флексибилноста и прилагодливоста на различни начини на работа, како и пристапната цена. Квалитетната апликација ќе ги обедини сите активности од вашата работа како пишувањето понуди и сметки, следењето на складиштењето, делегирањето задачи, планирањето проекти и слично. Ќе ја користат сите оддели во компанијата, а сите податоци креирани во апликацијата ќе ви бидат достапни од која било локација во кое било време 24 часа на ден.

    1. Зголемете ја видливоста на компанијата со интернет-страница

    Презентацијата на производи и услуги на компанијата на најголемата социјална мрежа сега повеќе не е потреба за вашата компанија, туку неопходност. Независно од тоа дали сте мала, средна или голема компанија, треба да имате websiteсопствена интернет-страница. Непостоењето на информации на Интернет за работата, производите, услугите на вашата компанија на потенцијалните купувачи им создава впечаток како да не сте сериозна компанија или повеќе не постоите. Кога компанијата ќе стекне некоја таква репутација многу тешко ќе ги остварите своите цели. Инвестирањето во интернет-страница е долгорочна инвестиција која секогаш се исплатува.

    1. Огласувајте се на ралични мрежи

    Социјалните мрежи ќе продолжат да добиваат на популарност, па затоа треба што поскоро да ве има на сите нив. Неколку профили на различни мрежи може да ви донесат подобар рангhow t use social media (600x365) при пребарувањето на Интернет, да ја сголемат вашата видливост, а и да ви донесат поголеми приходи. Google е само еден пример за пребарувач кој ги фаворизира компаниите присутни на социјалните мрежи. Со ажурните објави и активности на различни мрежи вашата компанија покажува дека е доверлива, релевантна и веродостојна.

    (Poslovni Puls)

    SHARE