Тајванскиот производител на iPhone ќе ги замени сите вработени со роботи

    foxconn-robots1Foxconn е тајвански производител на iPhone и бројни други електронски уреди. Компанијата сака целосно да го автоматизира процесот на производство. Даи Џи-Пенг, генералниот менаџер на комитетот за автоматизација на Foxconn, вели дека компанијата има план од три фази за автоматизација на своите кинески фабрики со софтвер и роботи наречени Foxbots.

    Првата фаза од автоматизацијата вклучува замена на работниците кои извршуваат опасни, репетитивни работи или работи кои никој не сака да ги извршува. Втората фаза вклучува подобрување на ефикасноста со воведување производни ленти со цел да нема непотребни роботи. Третата и последна фаза вклучува автоматизација на целите фабрики со минимален број работници во производство, логистика, тестирање и инспекција. Компанијата си има поставено цел до 2020 година да се автоматизира 30% од производството.

    Оваа мерка на Foxconn се презема со цел намалување на трошоците на компанијата на преполниот кинески пазар, но особено поради високиот процент на самоубиства кај работниците. Компанијата мораше да постави посебни мерки за спречување самоубиства со своите фабрики во Кина со цел да се заштити себеси од бројни тужби.

    (The Verge)

    SHARE