Четири бесплатни маркетинг алатки за мали бизниси

    marketing  with business graph and chart hand drawing on blackboardИма само едно нешто што е подобро од наоѓање нова кул маркетинг алатка, а тоа е да најдете нова кул БЕСПЛАТНА маркетинг алатка. Еве листа со четири такви алатки за малите бизниси.

    1. Portent’s Content Idea Generatorportents-content-idea-generator

    Дали некогаш сте немале идеја за нареден напис, пост или водич? Со Portent’s Content Idea Generator треба само да го внесете поимот што ви треба и алатката ќе ви генерира низа уникати апсекти за таа содржина во форма на наслови. Иако сите предлози веројатно нема да ви одговараат, сепак, ќе ви помогне во креативното размислување.

    1. Hemingway Apphemingway-app

    Hemingway ви помага да ги поедноставите работите. Ви помага вашите продажни материјали да станат поразбирливи за вашите онлајн и офлајн таргети. Тоа го постигнува така што ја анализира содржината и ви потенцира кои реченици се предолги, каде имате употребено непотребни зборови или погрешно време. Добрите маркетери знаат дека едноставните и јасни пораки се најефективни.

    1. Pablo by Bufferpablo-by-buffer

    Дали вашите активности на социјалните медиуми закочуваат кога треба да изберете соодветни визуелни елементи за вашите текстуални содржини? Buffer брзо и лесно креира фотографии за социјалните медиуми. Таму имате пристап до повеќе од 600.000 бесплатни фотографии, можете да додадете текст и имате други алатки за менување на големината за различни социјални медиуми. Ова е практична и лесна варијанта на Photoshop.

    1. Open Site Exploreropen-site-explorer

    Линковите се многу битни кога станува збор за оптимизација на резултатите при пребарување. Open Site Explorer ви овозможува да внесете URL за која било страница и веднаш ги генерира сите страници кои се врзани за вас. За секој таков линк ја покажува и страницата и рангот. Тоа е битно затоа што Google и другите пребарувачи ќе ви го подобрат рангот доколку сте линкувани со други страници со висок ранг. Можете и да го искористите за да ги анализирате конкурентите.

    (Entrepreneur)

    SHARE