Pickbox – првата регионална интернет телевизија достапна и во Македонија

    Pickbox е интернет телевизија којашто можете да ја гледате неограничено каде било и кога било

    pickbox-foto3

    Pickbox е интернет телевизија којашто можете да ја гледате неограничено каде било и кога било. Pickbox можете да го гледате на Самсунг или на ЛГ Смарт ТВ, на компјутер, таблети или на паметен телефон. Во моментов на корисниците им се достапни неколку илјади часови на серии, филмови и цртани филмови, а целата содржина е преведена со титлови или синхронизирана на македонски јазик.

    Врвните серии, цртани и филмски класици се обезбедени преку партнерски договори од најдобрите продукциски куќи како: Disney, BBC, CBS, Sony, MGM, ITV, ABC и Starz. Во рубриката Hotbox, Pickbox ви ги носи новите епизоди на сериите само 24 часа по светската премиера!

    Како можам да го користам Pickbox?

    За да го користите Pickbox, најпрво треба да се регистрирате преку Pickbox апликацијата на Самсунг или на ЛГ Смарт ТВ, на таблет и на паметен телефон или преку Вашиот компјутер на страницата www.pickbox.tv.

    После регистрацијата, добивате увид во описите на содржините што ги нуди Pickbox и можност за гледање на најави за истите.

    За да можете да уживате во гледањето на сето она што го нуди Pickbox, потребно е да се активира корисничка сметка. Основниот месечен пакет за неограничено гледање на сите содржини изнесува 299 денари, без никакви договорни обврски со можност да се откаже во било кое време.

    Исто така, Pickbox содржините можете да ги гледате и на МаxТV, а можете да го активирате овде.

    SHARE