Четири причини зошто онлајн-бизнисот е најдобра инвестиција

    Онлајн-бизнисите се многу привлечни затоа што таму ги нема традиционалните пречки со кои се соочуваат повеќето нови бизниси. Еве четири причини зошто онлајн-бизнисите се најдобрата инвестиција на претприемачите

    online-businessПретприемачите се ретка сорта поединци кои постојано истражуваат нови бизнис-можности. Некои бараат нови можности, додека други постојано бараат нови идеи. Повеќето можности, без оглед на тоа колку добро звучат, стануваат кошмар кој чини многу пари поради големите трошоци, бавната скалабилност и ниските маргини. Онлајн-бизнисите, пак, се многу привлечни затоа што таму ги нема традиционалните пречки со кои се соочуваат повеќето нови бизниси. Еве четири причини зошто онлајн-бизнисите се најдобрата инвестиција на претприемачите.

    1. Имаат неверојатна скалабилност

    Не сите онлајн-бизниси автоматски ќе постигнат голем успех. Многу претприемачи почнуваат онлајн-бизнис затоа што мислат дека клиентите веднаш ќе ги најдат и ќе почнат да купуваат. Тие мислат дека со неколку „твитови“ и објави на scalabilityFacebook ќе го претворат својот онлајн-бизнис во банкомат. Скалабилноста не е едноставен процес и кога се работи за физички бизнис и за онлајн-бизнис, но онлајн-бизнисот има некои предности. На пример, бизнисот кој има физички објект има дефинирана публика во одреден радиус околу продавницата. Онлајн-бизнисот, од друга страна, нема лимитирана публика и може да допре до целиот свет.

    1. Нудат неограничена слобода

    Многу претприемачи ги привлекуваат онлајн-бизнисите затоа што им овозмоќуваат голема слобода. Модерната технологија, лаптопите, таблетите, бизнис-апликациите, системите за комуникација VOIP се само некои од алатките кои овозможуваат бизнисите да се управуваат од која било локација. Наредниот пат кога ќе влезете во Starbucks разгледајте наоколу. Сигурно ќе видите луѓе кои работат на својот онлајн-бизнис или стартап поврзани преку безжичен Интернет додека истовремено пијат кафе.work-24-7

    Луксузот да се работи од кое било место во светот во кое било време ви дава моќ. Некои претприемачи не знаат како да балансираат со таа слобода и пропаѓаат, додека други таа слобода ја користат како мотивација за да работат уште подобро. Не ја помешувајте слободата со време за денгубење. Вистинските претприемачи ја почитуваат слободата и знаат дека вреди да се работи напорно за потоа да се има време за семејството.

    1. Ниски давачки и високи маргини

    Онлајн-бизнисите овозможуваат да се елиминираат некои од најголемите трошоци врзани со физичките бизниси. Не само што може да се елиминираат скапите кирии за канцелариски простор, за наем туку се елиминира и потребата да се купуваат скапи залихи и складишта. Договорите за достава на стока директно со производителот или изработката на стока по нарачка го намалуваат финансискиот ризик.low-cost

    Да речеме имате бизнис за продажба на шапки и имате пет различни бои: црвена, сина, жолта, зелена и портокалова. Во еден физички бизнис ќе мора да ги имате сите бои на лагер затоа што не знаете што ќе сакаат да купат минувачите кои ќе влезат внатре. Доколку не ви се продаваат шапките со жолта боја, ќе мора да ги понудите со попуст и да претрпите загуба. Доколку истите шапки ги продават онлајн со договор да доставите за што има потреба, нема да имате непродадена стока за која веќе сте платиле.

    1. Пристап до глобален пазар

    Онлајн-бизнисот може да се работи 24 часа 7 дена во неделата без никакви ограничувања. Нема ни географски global-marketplaceограничувања и работно време. Онлајн-бизнисот може да креира приходи дури и кога спиете. Доколку имате осмислен план за социјалните медиуми, оптимизација на резултатите на пребарувач и медиумски стратегии вашиот бизнис ќе цвета. Можноста да се таргетираат определени региони, држави и земји дава голема предност на онлајн-бизнисите.

     

    (Entrepreneur)

    SHARE