Едутравел, сите странски образовни програми на едно место во Македонија

    На 22 јануари во Скопје, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност Eдутравел организира Меѓународен саем за образование и странски јазици на кој ќе бидат презентирани сите програми кои ги нуди оваа агенција. Ова е повод за разговорот со директорката на Едутравел, Марија Цветковиќ

    marija
    Марија Цветковиќ

    Неодамна во Македонија започна да работи Едутравел, чија главна дејност е организација на образовни патувања: летни курсеви за странски јазици за млади во странство, курсеви за странски јазици за возрасни преку целата година во странство, школување во странство, студирање во странство, мастер студии. Оваа агенција на 22 јануари во Скопје, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност организира Меѓународен саем за образование и странски јазици на кој ќе бидат презентирани сите програми кои ги нуди. Ова е повод за разговорот со директорката на Едутравел, Марија Цветковиќ.

    edutravel

    “Станува збор за саем за образование и странски јазици на кој ќе ги презентираме  програмите на КУБ од Белград, чии програми ги застапуваме ние во Македонија. Саемот ќе биде информативен, а учесници се училишта од европски држави како Швајцарија, Австрија, Бугарија и повеќе училишта од Велика Британија. Учесниците преку свои промотивни материјалии ќе дадат информации за училиштата, а секој од посетителите кој ќе биде заинтересиран за повеќе информации, ќе може да се обрати кај некој од претставниците на училиштата за условите, курсевите и слично.

    Ги повикаме сите родители и ученици кои се заинтересирани да посетат курсеви за странски јазици, да се информираат, како и оние кои само размислуваат за студирање во странство. Вообичаено, искуството покажува дека родителите кои сакаат да ги испратат своите деца на студии во странство, две години пред да започне аплицирањето собираат информации за можностите кои постојат. Овде ќе добијат информации не само за можностите, туку и за стипендиите кои се достапни.

    • - Дали настанот го организирате како вовед за вашата работа во Македонија или планирате саемот да биде традиционален?

    Да, идејата е саемот да биде традиционален и да се одржува барем еднаш годишно како саем за образование и странски јазици. Курсевите за странски јазици ни се особено важни затоа што 60% од целокупната наша понуда отпаѓа токму на нив. Би сакале саемот да биде редовен настан за заинтересираните учесници директно да добијат информации од самите претставници на училиштата.

    • - Зошто решивте Едутравел да се појави на пазарот во Македонија? Што покажува пазарот?

    Од она што досега го истраживме, во Македонија не постои агенција која се занимава исклучиво со едукативни програми. Постојат одредени програми кои се дел од училиштата за странски јазици. Сметаме дека на пазарот има простор за агенција како нашава која ќе ги сублимира сите понуди и ќе ги информира сите оние кои сакаат да се дообразуваат во странство, без разлика дали станува збор за изучување на странски јазик во странство или пак за средно образование и студирање. Инаку ние сме релативно нови на пазарот, стартувавме со работа во декември и засега постои одреден интерес за програмите.

    Ние не се занимаваме со едукација, едноставно ја сублимираме понудата која доаѓа од надвор, од приватни и државни. Исто така, самиот процес на запишување во средно училиште или на универзитет во странство е доста сложен, поради што сметаме дека преку нашите советодавни услуги ќе им помогнеме на оние кои сакаат да аплицираат и да добијат некоја од стипендиите кои се достапни.

    • - Во кој сегмент очекувате најголем интерес?

    Најголем потенцијал на почетокот би требало да има за курсевите за странски јазици бидејќи станува збор за доста интересни програми во текот на летниот распуст. Иако скоро секој ученик посетува курсеви за странски јазици, да се има директен контакт со јазикот две до три недели во континуитет со интензивни часови е многу поефективно. Придобивките се многу поголеми, бидејќи не станува збор само за изучување на јазикот, туку и за остварување контакт со нова култура и комуникација со луѓе од многу држави. Овие програми се достапни за млади од 7 до 25 години. Во склоп на курсот се замислени и многу воннаставни активности како спорт, филм, драма, посети на културни знаменитости и туристички места. Ова не само што ќе придонесе за образованието на младите, туку и за нивната отвореност кон нови искуства и култури.

    %d0%b5%d0%b4%d1%83

    • - Какви се програмите за децата од основно?

    Тие програми вклучуваат групи со придружба. Со секоја група ќе има претставник од нашата агенција, кој воедно ќе биде професор по странскиот јазик кој групата треба да го изучува таму. Доколку групата формирана од Македонија е помала, тогаш таа ќе биде приклучена со некоја група од Белград од каде што ќе биде придружбата.

    • - Кои странски јазици се вклучени во понудата за изучување?

    Најпопуларен за изучување е секако англискиот јазик преку програмите во САД, Канада и Велика Британија, а истиот може и да се изучува и некаде на Медитеранот на поегзотични дестинации како Малта. Програми за германски јазик се во Германија и Австрија, за француски во Франција, италијански во Италија и Швајцарија. На програмите може да се замине групно и индивидуално, а постојат и некои програми кои се само индивидуални, како програмата за изучување на арапски јазик во Мароко. Според интересот се одлучува дали ќе се замине на групна или индивидуална програма.

    • - Колку ќе бидат достапни овие програми од финансиски аспект?

    Цените за двонеделна програма се движат од 1500 евра па нагоре, во зависност од училиштето и дестинацијата. Оваа цена ги вклучува трошоците за курсот, сместувањето, здравственото осигурување и сите дополнителни активности кои ќе ги организира училиштето. Превозот не е вклучен во цената, како и трошоците за виза во зависност од државата. Можеби на прв поглед програмите делуваат скапи, меѓутоа станува збор за можност во која вреди да се вложи, секако доколку родителите се спремни да им го овозможат тоа на своите деца. Имено, најголем дел од цената (70%) отпаѓа за самото училиште кое го организира курсот, а останатите 30% се за сместувањето, исхрана и останатите предвидени активности.

    Што се однесува до трошоците за посредување за агенцијата, тие се минимални во однос на цената која се плаќа за курсот.

    • - Како се движат роковите за аплицирање на пример за матуранти заинтересирани за студии во странство?

    Бидејќи процедурите се сложени, најповолно би било истите да се започнат на крајот на првото полугодие при последната година од школувањето. Кандидатот ќе треба прво да одлучи за дестинацијата каде сака да замине, да се разгледаат опциите за студирање. Значи краен рок би бил декември во последната година од школувањето.

    За средно училиште пак, процедурите за аплицирање би требало да се започнат најдоцна девет месеци пред завршувањето. Процедурите траат долго бидејќи не станува збор само за аплицирање во училиштето или универзитетот, туку и за периодот потребен за добивање на виза.

    • - За какво партнерство станува збор со КУБ Белград?

    Едутравел е ексклузивен претставник на КУБ за Македонија. КУБ од Белград постои веќе околу 25 години, присутни се во државите од поранешна Југославија. Најголемата препорака за нив е нивното искуство, во овие 25 години тие имаат испратено огромен број на групи за изучување на странски јазик во странство, имаат огромна мрежа на универзитети и училишта низ светот со кои соработуваат долги години. Најдоминантни во нивната работа се секако програмите за изучување на странски јазици кои чинат околу 60-70% од сите програми. На второ место е школувањето за средношколци во Америка преку програми за културна размена.

    SHARE