Huawei најави нова eра во мобилната телефонија

    huawei (568x346)Третиот најголем производител на паметни телефони во светот лани испорача 139 милиони паметни телефони, а вкупните инвестиции во истражување и развој во изминатите десет години надминаа 38 милијарди долари.

    Ричард Ју, потпретседател на управата на Huawei Business Consumer Group, на Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас ја изнесе визијата на Huawei за интелигентен телефон кој ќе работи со вештачка интелигенција како следен значаен чекор напред во мобилната телефонија, а ја нагласи и новата соработка со Amazon и Google. Исто така, паметните телефони Mate 9 Pro и ексклузивниот Porsche Design Mate 9 се првите уреди на Huawei со поддршка за виртуелниот асистент на Amazon, Alexа и платформата за виртуелна реалност на Google, Daydream.

    Тој ја истакна посветеноста на компанијата на иновации и соработка со други водечки компании од индустријата како темелни вредности на Huawei, со кои оваа компанија секојдневно се труди да ги унапреди животите на луѓето ширум светот. Преку континуирани истражувања и развој Huawei ќе ја предводи следната доба на иновации за дополнително да го инспирира и да го подобри човештвото. Како дел од стратегијата Huawei ќе ја искористи колективната мудрост на најголемите светски умови за заеднички да се обликува следниот период во потрошувачката електроника.

    (Poslovni Dnevnik)

    SHARE