Како Вашиот бизнис да извлече бенефит од денешните комуникациски технологии?

     

    Постојат пет клучни факти за комуникациската технологија на кои секоја компанија мора да им пристапи проактивно доколку сака да се развива
    communications (600x388)

    Промените кои денес ги гледаме на дневна основа немаат многу поголемо влијание врз денешните бизнис-лидери отколку врз ИТ-тимовите и експертите за компјутерска технологија пред некое време. Иновациите сега се случуваат со уште позабрзано темпо и станува невозможно да се предвиди иднината.

    Сепак, постојат пет реалности за комуникациската технологија на кои секоја компанија мора да им пристапи проактивно доколку сака да се развива и да се постави во позиција да извлече бенефит од новите технологии.

    1. Дигиталната соработка започнува со унифицираната комуникација
    2. Работата во облак порано или подоцна мора да биде дел од вашата стратегија
    3. Застарените компјутерски системи ќе бидат ваша Ахилова пета
    4. Менаџирањето и анализата на податоци ќе ги подобрат перформансите на бизнисот
    5. Несоодветната заштита ги загрозува вашата мрежа и вашиот бизнис

    Дигиталната соработка започнува со унифицираната комуникација

    Соработката отсекогаш е клучен елемент за успех на еден тим, а унифицираната комуникација е виртуелна соба за состаноци за дигиталните тимови. Лидерите го разбираат тоа unified communication (515x394)со оглед на тоа што 62% од организациите испитани од страна на страницата InformationWeek ја посочиле соработката меѓу вработените како најголем бизнис-двигател за унифицирана комуникација.

    Иако една деценија се зборува за унифицирана комуникација, во реалноста само 25% од организациите целосно имаат имплементирано унифицирана комуникација на сите нивоа на организацијата. Таа бројка расте од повеќе причини, од кои една е работата во облак и појавата на нови услужни опции на технологијата.

    Работата во облак порано или подоцна мора да биде дел од вашата стратегија

    Како што организациите ги следат случувањата и се менуваат cloud (600x528)во согласност со нив, стратегијата за работа во облак ќе биде суштински елемент не само од бизнис-стратегиите, туку и оперативен модел. Едно истражување на Oxford Economics од 2014 година, во кое биле вклучени 350 лица на извршни функции во компании, покажало дека повеќе од половина, 53%, од нив сметаат дека работата во облак е клучна за нивната стратегија за иновирање, а ¾ од нив, 71%, очекуваат работата во облак да биде дел од долгорочната визија на бизнисот за 2 години.

    Но, облакот е многу голем и може да биде сложен. Всушност, многу ИТ-експерти (56%) кои учествувале во истражувањето на Alcatel-Lucent Enterprise веруваат дека имаат потреба од помош за да се снајдат во облакот.

    Мигрирањето кон работа во облак е предизвик, но дури и мал напредок во тој правец ќе даде големи резултати. cloud 2 (600x337)Технологијата постојано созрева и носи поголема флексибилност во однос на финансиите, скалабилноста и експертизата. Другата добра вест е дека преминувањето кон работа во облак може да се прави постепено. Денес најголем дел од бизнис-облаците се хибридни модели со сменети интерфејси.

    Застарените компјутерски системи ќе бидат ваша Ахилова пета

    Кога станува збор за наследена инфраструктура, според Zeus Kerravala и TechTarget, 83% од буџетите за мрежите се трошат за одржување на инфраструктурата. Колку и да е алармантна таа ситуација, не единствениот вчудовидувачки податок добиен при истражувањето. Просечно, на еден ИТ-оддел му се потребни 4 месеци за да обезбеди нова услуга, и тоа во случај outdated coputer (600x337)проектот да вроди со плод, особено ако се знае дека дури 90% од ИТ-проектите или се откажуваат или доцнат со испорака на резултатите. Овие податоци покажуваат дека просечните компјутерски мрежи на компаниите не се доволно брзи и не може да се надградуваат за да ги поддржат дигиталните бизниси.

    За споредба, новите технологии можат да автоматизираат и да подготват еден дата-центар за работа за неколку минути, а новите OPEX модели ја префрлаат набавката, активирањето и одржувањето на системот на нови апликации. Денешните интелигентни мрежни архитектури имаат многу поголеми бенефити од одличните перформанси на апликациите.

    Менаџирањето и анализата на податоци ќе ги подобрат перформансите на бизнисот

    Сведоци сме на Интернетот на нештата и на Big data, кои забрзано се шират во компаниите, градовите и индустриите, додека мобилните уреди продолжуваат да ги менуваат data analytics (600x369)првичните концепти за примената на технологијата. Технолошките уреди кои може да се носат земаат сè поголем замав и креираат уште повеќе податоци за бизнисите. Дали вашата организација може да се справи со таквиот прилив на информации и што е уште побитно, дали вашиот бизнис е способен да извлече бенефит од податоците?

    За многу организации тоа е трка со времето. Предизвикот со кој се соочуваат организациите не се состои само од прибирање на податоците, туку редефинирање на вредноста big dataна податоците. Според едно истражување на BPI network, традиционалните ИТ-мерила на успехот сè уште доминантно се користат кај бизнисите. 46% од нив ги мерат перформансите врз основа на постојаноста на резултатите, скалабилноста и безбедноста, но повеќе не се доволни системите за обработка на трансакции. Паметните аналитички системи кои можат да предвидуваат однапред ја одржуваат комуникацијата на оптимално ниво и клиентите се задоволни. Затоа се неопходни новите системи за следење на перформансите.

    Несоодветната заштита ги загрозува вашата мрежа и вашиот бизнис

    Според едно друго истражување на InformationWeek, 60% од бизнис-лидерите веруваат дека нивниот бизнис е поранлив од порано бидејќи сега постојат нови начини на кои може да ги нападнат. Според истиот извештај, потребно е да избере software protection (600x338)соодветната заштита врз основа на заканата, но тоа е комплицирано затоа што денес не може точно да се знае кои се потенцијалните слаби точки.

    Сепак, едно нешто е сигурно: превенирањето сигурно чини помалку отколку санирањето. Незаштитениот софтвер и оперативен систем и понатаму се најслабата точка на компаниите, но и наједноставна за заштита. Купете најмодерен софтвер и ризикот од напад ќе биде минимален.

    Иако 45% од ИТ-лидерите кои учествувале во истражувањето веруваат дека мобилните уреди се најмногу изложени на напади од злонамерен софтвер и други вируси, според извештајот Verizon Data Breach Report за 2015 година, помалку од 0,03% од мобилните уреди содржат злонамерен софтвер. Истражувањата покажуваат дека 90% од сите инциденти со закана по безбедноста на софтверот ги извршиле поединци, а обуките за употреба на програмите може да имаат големо влијание врз безбедноста на системите и податоците.

    malware attack (600x336)Друг ранлив елемент од бизнисите се телефонските линии, особено интернет-телефонијата. Ваквите инциденти може на компанијата да ѝ направат 10 пати повисоки сметки за телефон од вообичаено. Без соодветна заштита, пристапот до IP мрежата значи дека вашиот систем за комуникација е отворен за напади од малициозен софтвер.

    Безбедноста на информаците денес претставува екосистем. Секој елемент од екосистемот мора да биде активен учесник за да се обезбеди инфраструктурата и да може автоматски да се одговори на некоја закана. Заштитете ја вашата мрежа, заштитете ги клиентите и заштитете го вашиот бизнис.

    Подгответе се, затоа што дигиталната ера е тука.

    Многу работи се сменија изминатата деценија. Заканите по безбедноста кои не постоеја како поим пред десет години денес се во фокусот на вниманието на бизнис-лидерите и технолошките експерти. Трендот на користење мобилни уреди, Big data и Интернетот на нештата ќе зема сé поголем замав и ќе го менува однесувањето на консументите и ќе ја редефинира работата на сите. Време е да почнете наголемо да комуницирате со вашиот ИТ-тим за вашиот дигитален бизнис. Иднината на многу организации зависи токму од тоа.

    SHARE