Coca Cola го зголемува користењето на рециклирани шишиња во Велика Британија

    coca-cola-1Според информациите, во моментот постојат преку 5 трилиони тони пластика кои ги загадуваат океанските води во светот, а Coca Cola, најголемата компанија за пијалоци во светот најави дека ќе преземе мал чекор кон намалување на овој број во иднина.

    Компанијата најави дека ќе го зголеми количеството на рециклирана пластика за производство на шишињата во Велика Британија, а до 2020 година планира да го зголеми ова количество до 50%. Оттаму јавуваат дека ова се однесува само на шишињата кои се произведуваат во Велика Британија, но потенцираат дека глобално прават напори да користат материјали добиени од растенија за пакување на шишињата.

    Иако шишињата на Coca Cola можат да се рециклираат 100%, истите не се произведуваат од 100% рециклирана пластика. Ширум светот се купуваат околу 1 милион пластични шишиња секоја минута од денот, а доколку сите произведувачи на пијалоци користат ново произведена пластика, прогнозите за пластичниот отпад не се добри.

    Според некои проекции, продажбата на пластичните шишиња ќе нарасне на половина трилион до 2020 година создавајќи еколошка криза. Одредени активисти изјавуваат дека не е доволен овој чекор за компанија од рангот на Coca Cola.

    „Останати компании веќе користат 50% рециклирана пластика, а планираат да стигнат и до 100% до 2020 година.“, изјави директорот на Greenpeace UK, Џон Совен.

    Големите компании за пијалоци често се критикувани од активисти, а сѐ повеќе се зголемува и притисокот од потрошувачите.

    (globalcitizen.org)

    SHARE