„Добриот леб“ е нов бренд на Специјал со кој ги следиме светските трендови во здрава исхрана

    • Ilija
      Илија Трајковски

       Илија Трајковски e оперативен директор на ланецот на пекари „Специјал“ која наскоро во своето широко портфолио воведува нов бренд – „Добриот леб“, иновативна линија на лебови произведени со специјална технологија и висок квалитет. 

    • Тоа е поводот да дознаеме повеќе детали од прва рака!

    •   Dobrit-leb-fb-cover

    - Во последните неколку години, Специјал е препознатлив по својот проактивен и иновативен пристап: воведе нови производи, се ребрендираше и генерално го менува концептот на работењето. Дали станува збор за промена на бизнис стратегијата и што стои во планот за развој?

    Специјал во континуитет ги следи потребите на потрошувачите и светските трендови од оваа област. Интензивно работиме во одделот за иновација кој го предводат врвни технолози од нашата компанија како и стратешки соработници од регионот со цел навремено и квалитетно да одговориме на потребите на македонскиот пазар. Последниве неколку години  работиме на оптимизирање на постоечките работни процеси, ја зголемуваме интерната контрола и усогласеност преку комплетно имплементираниот интегриран софтвер кој е резултат на нашето квалитетно, навремено и продуктивно работење. Согласно стратешките цели за 2017/ 18 година најавуваме комплетно нова линија на производи која ќе биде резултат на иновативност, внимателно одбрани состојки со предзнакот протеински, здрави, функционални и нутритивно селектирани производи.

    Резултатите во работењето ги добиваме преку нашиот нaјвреден и најзначаен ресурс –вработените. Специјал брои 250 вработени, 20 продажни места, индустриски комплекс со три погони кои се комлетно независни и слободно функционираат како засебни ентитети. (Погон за пекарство, слаткарство и кујна за готови јадења), управна зграда – администрација во која работат тим од 20-тина вработени кои управуваат со значителните процеси на компанијата.

    Исто така поседуваме сопствена мелница за преработка на зрно од  која ги добиваме добрите состојки за нашиот производ, произведен по традиционална постапка.

    Специјал поседува сопствен возен парк од 11 транспортни возила кои целосно ја покриваат дистрибутивната мрежа. Специјал работи сертифицирано по ISO  9001:2008, ISO 14001:2004, HACCP, а во моментов се пoдготвуваме за сертифицирање по ISO 2200:2005 кои го потврдуваат нашето посветено и одговорно работење.

    - Од неодамна го најавувате програмот Добриот Леб? Дајте ни повеќе детали за овој проект?

    Dobriot leb fb cover Следејќи ги постојано реалните потреби на потрошувачит, пазарот и најмногу од се драстично зголемената свесност за водење здрав живот и здрава исхрана Специјал посветено работеше на производство на нова линија на здрави и вкусни лебови кои на пазарот ќе бидат достапни под брендот Добриот леб. Станува збор за 8 видови на високо протеински здрави лебови со неодолив вкус: Eтно тост леб, Пченкарен тост леб со куркума, Путер леб, Тост леб со коприва, Тост леб со чиа семе, Леб Цимерман мултицереал, Медитерански тост леб, Леб од три брашна.

    Производ со квалитет како Добриот леб до сега не е забележан на македонскиот пазар, пред се заради уникатната природна технолошка постапка која овозможува природно продолжен рок на траење. Природно добиената технолошка постапка е резултат на едногодишно оптимизирање и корегирање на истата.

    Поттикот за развој на овој производ произлезе од се поголемата свесност од потребата и желбата за здрава храна, светски тренд зад кој воопшто не заостануваме. Голем е бројот на Македонци кои добро ги знаат придобивките од редовната примена на куркумата и на чиа семето, како и на копривата.

    - Дали лансирањето на Добриот Леб е најава за промена на продукт матрицата на Специјал од стандардни пекарски производи во сегментот здрава храна?

    Сегментот на леб и бели пецива ќе остане да биде водечки и ќе се негува традицијата на македонскиот народ кон вкусниот леб …..но истовремено ќе се обратиме на еден нов сегмент на пазарот, кој Специјал во своите истражувања го детектира, а тоа е една нова социо-демографска структура која обрнува внимание на своето здравје, активно спортува и преферира здрава избалансирана храна.

    - Каква технологија и рецептура е користена за развојот на 8-те вкуса на Добриот Леб?

    Најважно за Добриот леб е тоа што ќе има продолжена свежина и трајност, ќе се произведува по традиционална постапка, а притоа ќе биде здрав, изработен без вештачки и прехранбени бои и без скриени форми на конзерванси и адитиви.

    - Дали Добриот Леб е препорачлив за деца, трудници и дијабетичари и спортисти?

    Добриот леб е исклучиво препорачлив за трудниците, посебно лебот со семе од коприва кој има голем допринос во подобрување на железото во крвта на трудниците кој во периодот на нивната бременост значително знае да опадне. Знаејќи дека лебот не содржи конзерванси и скриени форми на адитиви е доволна причина секој потрошувач да го избере Добриот леб за себе и блиските.

    Сите трудници слободно може да ги консумираат сите видови од линијата на Добриот леб. Секако треба да се обрне исклучително внимание на алергените состојки кои се наведени во составот на пакувањето.

    Пченкарниот тост леб со куркума, Тост лебот со чиа семе, лебот Цимерман мултицереал како и лебот од Три брашна задолжително треба да бидат избор на сите спортисти и потрошувачи кои со големо внимание и селекција пристапуваат кон составот на производите.

    - На кој сегмент од пазарот прецизно му се обраќа Добриот Леб?

     

    Dobriot leb fb post (1)На современиот човек, мажи и жени претежно на возраст од 25-55 години, со зголемена свест за здравје, изглед и балансиран живот. На популација која одбира да живее здраво и особено витално. Овој сегмент од купувачите го забележуваме наутро како одат на работа со велосипеди, како џогираат на кеј и ги полнат теретаните низ цела Македонија. Исто така, секундарен сегмент се децата и адолесцентите кои по препорака на своите родители одбираат да се хранат здраво на училиште. Секако дека тука би ги вброил и возрасните лица кои искусиле тешкотии со одредени заболувања и кои се лично уверени во благодетите на куркумата, чијата, јатките и останати елементи кои се есенцијални во 8-те вкуса на Добриот Леб.

    - Кој е следниот иновативен проект на Специјал?

    Специјал во  периодот што следи ќе продолжи да работи на воведување на нова линија производи како што се дневните специјални лебови и пецива произведени од исклучиво здрави состојки кои го подобруваат здравјето на човекот. Трендот на Хроно производи исклучително го  следиме- за почеток кон потрушувачите одговоривме со Хроно леб и Хроно кифла кои се достапни во сите наши продажни места. Бенефитот од истите го потврдија големиот број на консументи кои неочекувано ден по ден неверојатно брзо расте.

    Наскоро најавуваме нови производи под брендот „Нутритивно функционални“,  произведени од семки на грозје, киноа, амаранти, производи без Е- броеви,  протеински тестенини и други.

    Ова е само дел од новите производи кои треба да се појават во нашите продавници од септември оваа година.

     

     

    SHARE