Google Maps сега ве советува во колку часот да тргнете на пат

    google mapsGoogle Maps се смета за апликација која мора да ја имате на телефон затоа што ги води корисниците по точните улици и им помага да избегнат сообраќаен метеж. Со новата надградба сега Googe советува и кога е најдобро време да тргнете на пат.

    Новата опција моментално е достапна само за корисници на Android уреди. Покрај податоците како очекувано време на патување, оддалеченост до саканата дестинација, се појавуваат и нови информации со совети во колку часот да тргнете на пат.

    Апликацијата советува врз основа на податоците за сообраќајот. Опцијата не е целосно прецизна затоа што ако ве советува да тргнете половина час порано, не ви кажува колку време ќе заштедите.

    Од Google уште не соопштуваат кога опцијата ќе биде достапна за iOS  уреди. Претходно Google Maps ја воведе и опцијата да можете да си го пронајдете својот автомобил на паркингот.

    (Klix.ba)

    SHARE