Идеи за социјални бизниси во Македонија има се повеќе, неопходна е поголема поддршка!

    Десет млади социјални претприемачи беа дел од предакцелераторски тренинг, поддржан од  Македонски Телеком, а како дел од Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award.

    Vesna KuzmanovikШто се случуваше на предакцелераторската програма разговараме со Весна Кузмановиќ, консултант за иновациски менаџмент и сериски претприемач, која ги држеше обуките за тимовите со цел тие да се здобијат со продлабочени знаења за развој на нивните бизнис идеи

    телеком 1
    Иновативен центар на Македонски Телеком

     

     

    - Кажете ни што всушност се случува во предакцелераторската програма во рамки на Наградата за социјално претприемништво- Social Impact Award 2017?

    Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award, која по третпат се организира во Македонија, е веќе присутна во 18 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

    Локално во Македонија, Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, оддел Social Impact Lab, во партнерство со Шпаркасе банка Македонија, Пакомак, Конто Профит и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

    Оваа година сме посебно горди и благодарни на Македонски Телеком што ни пружи безрезервна подршка во Иновативниот центар за да се спроведе преакцелерациската програма односно 6-дневните работилници за design thinking и бизнис моделирање.

    Во преакцелерациската програма се работи со стартап компаниите во брусење на нивните идеи и она што е поважно во развивање на одржливи бизнис модели. Спецификите на овие стартапи се што тие во основа нудат иновативно и уникатно решение за некој социјален проблем како: обновливи енергии, здрава и органска храна, намалување на загадувањето, помош на социјално ранливи групи итн.

    Притоа секој стартап мора да се ориентира кон профит затоа што младите кои сакаат да бидат социјални претприемачи и да решаваат одредени социјални проблеми мора да размислуваат како бизнис личности кои со својот финансиски успех ќе направат позитивно влијание на заедницата. Токму затоа работиме многу на финансиско планирање и предвидување и генерален финансиски менаџмент.

    телеком 2

     

    - Кој е улогата на Македонски Телеком во целиот проект?

    Сакам да ја искористам оваа можност и да упатам посебна благодарност до Македонски Телеком кој ја препозна вредноста и значењето на нашата програма. Оваа поддршка од Телеком има повеќекратно значење за SIA и за стартапите бидејќи всушност се гради еко системот на социјално претприемништво во Македонија (вклучува градење систем во којшто се вклучени: стартапите, големите компании, универзитетите, државните институции, НВО секторот, финансиските институции итн).

    Одобено е важно тоа што Македонски Телеком како лидер  во иновациите на пазарот, ја поддржува стартап културата во земјава. Секако треба да се има предвид дека со ваквата поддршка се реализираат голем број на бизнис иницијативи и идеи коишто носат позитивни промени и влијаат врз заедницата и општеството во целина. Убедена сум дека со јакнење на стартап културата се креира  позитивна перспектива на живеењето во Македонија, со што се спречува одлевањето на младите и креативни луѓе во странство.

     

    - Кои се 10-те финалисти односно идеите за развој на социјално претприемништво кои се во финале?

    Оваа година имаше доста интересни бизнис идеи, но некои беа неспроведливи или барем засега звучат како утопија што не значи дека во блиска иднина не би биле изводливи.

    Како финалисти влегоа стартапи кои нудат решенија за отпад и за загадувањето како: рециклирање на масло за јадење во био дизел; изработка на веб платформа и апликација за менаџирање на храна од рестораните, хотелите, слаткарниците  и пекарниците која би завршила како отпад доколку не се продаде истиот ден; креирање на модна линија базирана на рециклирање на стара облека; производтсво на електрична енергија на многу иновативен начин сo користeње на човечката сила. Има идеи кои се посветени на ранливи групи:  веб платформа за пружање професионална помош на лица со психички проблеми, и промоција на методи за унапредување на ментално здравје; изработка на дидактички логопедски материјали на јазиците кои се говорат во Македонија (заради порастот на број на деца со проблеми со говор); идеја за веб платформа и е-commerce на ракотворби од Македонија кои би вклучувале жени од руралните средини, жртви на семејно насилство и самохрани мајки; идеја за организирање на ресорт за домашни миленичиња кој би имал дел и во кој би се згрижувале уличните кучиња; веб платформа за промоција и организација на настапи на млади уметници.

    Тееком 3

     

    - Колкав е потенцијалот овие идеи и навистина да прераснат во конкретни бизниси?

    Како што напоменав и претходно, на првиот повик објавен за SIA имаше пријавено многу идеи, од кои дел беа и неспроведливи. Од избраните кои влегоа во процесот на преакцелерација можам да кажам дека над 70% се спроведливи а некои се веќе и регистрирани како компании. Некои дури и ја набавиле потребната опрема, а други се во фаза на прототип. На неколку идеи ќе мора да се работи поинтензивно во моделирањето во смисла на детекција на извори на финансии, финансиски проекции како и анализа на конкуренција и тестирање на пазар.

    Можам да кажам дека сум оптимистична во однос на енергијата, знаењето  и посветеноста на младите кои учествуваат во овој циклус но, сепак морам да напоменам дека е потребна поголема поддршка од заедницата а посебно од сите засегнати страни од екосистемот на претприемништво. Тука мислам најмногу на финансиска и менторска поддршка за овие стартапи не само да се реализираат туку и забрзано да обезбедат учество на пазарите и да станат одржливи.

    телеком 4

     

    - Што по завршување на предакцелераторската програма?

    Предакцелераторската програма е една од фазите во циклусот на SIA, по завршувањето на истата се прави проценка на зрелоста како и утврдување на јаки и слаби страни и во зависност од тоа започнува менторската програма односно интензивна работа на тимовите со ментори од оние области кои им се слаби страни.

    По менторската програма ќе следува процесот на pitching, или обраќање пред инвеститори кои ќе треба и да ги изберат овогодишните победници.

    Оние стартапи кои посветено ќе работат на освојување на пазарите ќе имаат шанса да влезат и во акцелераторска програма односно програмата Investment Ready,  каде тие ќе се презентираат со цел да привлечат инвеститори и да го скалираат бизнисот односно да пораснат во секој поглед.

    Убедена сум дека ова е вистинскиот начин да се сопре одлевањето на мозоци  и да се понуди оптимистична перспектива на младите но, и на средновечните луѓе кои имаат сон да ги реализираат своите потенцијали.

     

    SHARE