MasterCard претстави кредитна картичка која наместо пин користи отпечаток од прст

    mastecard biometricКомпанијата MasterCard претстави кредитна картичка која има сензор за отпечаток од прст. Картичката беше претставена и почнува да се користи откако досега двапати успешно помина тест-периодот во Јужна Африка. Технологијата функционира на ист начин како и системот за плаќање со мобилен телефон, односно корисниците мора да го стават прстот на сензорот при плаќање.

    Експертите за безбедност велат дека користењето отпечаток од прст не е целосно безбедно, но сепак е разумно користење на биометриската технологија. Отпечатоците од прсти многу тешко можат да се реплицираат, но сепак не е невозможно. За злоупотреба е потребно само стакло или нешто што сопственикот на картичката  допрел претходно. Сепак, од MasterCard велат дека оваа технологија е многу подобра од сите моментално достапни. Биометриската верификација ќе се користи само во продавници, додека онлајн шопингот ќе бара и други безбедносни мерки.

    (Klix.ba)

    SHARE