Норвешка ја презеде титулата најсреќна држава во светот од Данска


    Данска, Исланд, Швајцарија, Финска, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска се првите десет рангирани држави заедно со Норвешка на првото место

    norway

    Данска повеќе не е најсреќната држава во светот, а оваа титула сега ѝ припаѓа на Норвешка, според новиот извештај објавен минатата недела кој ги повикува нациите да градат општествена доверба и еднаквост со цел да ја подобрат благосостојбата на своите граѓани.

    Најсреќни во светот се нордиските нации според World Happiness Report 2017 кој го изготвува Sustainable Development Solutions Network (SDSN), глобална иницијатива на Обединетите нации лансирана во 2012 година.

    Држави од субсахарска Африка, заедно со Сирија и Јемен се најнесреќните држави на листата од вкупно 155 држави рангирани во петтиот по ред извештај од ОН.

    „Среќни држави се оние кои имаат здрав баланс на просперитет, општествен капитал што значи дека луѓето имаат висока доверба во општеството, ниска нееднаквост и доверба во владата.“, вели Џефри Сахс, директорот на иницијативата и специјален советник на Генералниот секретар на ОН.

    happy people (600x462)

    Целта на извештајот според него е да се обезбеди алатка за владите ширум светот, бизнисите и граѓанското општество да им помагаат на своите држави на патот кон благосостојбата.

    Данска, Исланд, Швајцарија, Финска, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и Шведска се првите десет рангирани држави заедно со Норвешка на првото место.

    Јужен Судан, Либерија, Гвинеја, Того, Рвадна, Танзанија, Бурунди и Централната африканска република се на дното. Германија е рангирана на 16. позиција, Велика Британија на 19. позиција, Франција на 31. позиција, а САД паднале за едно место и сега се наоѓаат на 14. позиција.

    Сахс вели дека САД паѓа на листата поради нееднаквоста, недовербата и корупцијата. Економските мерки кои новата на администрација на Трамп сака да ги спроведе само ќе ја влошат состојбата, додава тој.

    Рангирањето е спроведено според шест фактори – бруто домашен производ, здрав животен век, слобода, великодушност, социјална поддршка и отсуство на корупција во владата и бизнисот.

    Сахс додава дека повеќе држави би требало да го следат примерот на Обединетите арапски емирати и да отвораат Министерства за среќа.

    „Би сакал владите да ги земат во предвид овие податоци, да ги дискутираат, анализираат и да разберат кога трнале во погрешна насока.“, заклучува тој.

    (reuters.com)

    SHARE