За нас

За нас


Иновација, инвенција, промена… Тоа се главните мотори на денешните компании кои се менуваат буквално од ден во ден. Економијата денес ги надминува границите на националните економии, a oн-лајн трговијата, Интернетот и глобалните финансиски текови ги срушија сите бариери. Основните постулати на економијата веќе се сериозно поместени, а глобалните успешни феномени како што се Епл, Фејсбук, во најново време Али баба и многу други секојдневно ги поместуваат границите на бизнисот. Тие отворија една нова димензија која сите мора да да ја имаат на ум ако сакаат да бидат успешни. Тоа е димензијата на иновативноста!

Веб порталот ,,inovativnost.mk“ има една и основна цел-да ја доближи иновативноста како бизнис концепт до македонските компании. Првенствено преку искуството и примерите на македонските иновативни компании, нивните менаџери и успешно реализираните иновативни проекти во македонската економија кои ќе добијат најголем простор со цел да бидат пример за сите останати дека иновативноста не е недостижна работа. Напротив, иновативноста мора да биде дел од македонската економија!

Освен тоа, www.inovativnost.mk ќе даде одговор на прашањата: Кои се изворите за финансирање на Вашите иновативни проекти? Кому да се обратите во ситуација кога имате идеја која допрва треба да се реализира? Кои се институциите кои нудат поддршка на иновативни компании и поединци? Како да го зголемите својот иновативен потенцијал?

И не заборавајте- иконата на иновативноста во 21 век, Стив Џобс јасно кажа: ,,Иновативноста нема никаква врска со тоа колку долари имате за истражување и развој. Кога Епл го извади својот прв Мекинтош, ИБМ потроши најмалку 100 пати повеќе пари за истражување и развој. Значи, не е до парите, туку до луѓето со кои работите, како ги водите и колку извлекувате од нивните потенцијали“!

Имате прашања, ви треба мислење? Побарајте нѐ!

Име

Email

Наслов na пораката

Порака